Умерено вежбање најмалку 3 пати неделно може да го подобри вашето здравје и благосостојба. Истражувањата покажуваат дека физичката активност го намалува ризикот од рак на дебело црево за околу 50%, и игра улога во намалување на ризикот од останатите видови на рак. Правете мали чекори, избегнувајте го лифтот, качувајте се по скали, избегнувајте го автомобилот кога е возможно, возете велосипед…

Да започнеме
● Внесете физичка активност во вашите дневни обврски. Практикувајте да одите пеш и возете велосипед, вежбајте додека гледате телевизија, шетајте го почесто вашето милениче…
● Овозможете си физичка активност. Вежбајте, џогирајте, одете на фитнес, на пливање, аеробик, планинарење…Користете ги викендите за планинарење и физички активности во природа.

Вежбај со пријател/ли
● Поканете ги пријателите или членови од семејството да вежбаат заедно со вас.
● Планирајте социјални активности кои вклучуваат вежбање, физички активни игри, приклучете се на некои организации кои се занимаваат со спортски активности, ширете нови познанства со физички активни луѓе.

Активирај се себеси
● Направете си агенда на физички активности во термини кога располагате со најмногу енергија.
● Обратете внимание како се чувствувате после секоја физичка активност. Ќе бидете изненадени како кратките редовни вежби можат да го одржат вашето ниво на енергија.

Останете мотивирани
● Планирајте ги вашите активности. Физичките активности нека бидат редовен дел од вашите семејни активности.
● Следете го вашиот напредок во вежбањето.Изберете активности кои не бараат нови вештини, како што се пешачење, искачување по скали или џогирање.

Создавајте нови вештини
● Пронајдете пријатели кои се подготвени да ве научат на нови вештини.
● Земете часови за развој на нови вештини и вклучете ги и вашите деца во спортски активности како тенис, пливање, гимнастика и сл.

Искористете ги расположливите ресурси
● Изберете активности кои бараат минимални средства и опрема како што се пешачење, џогирање, скокање на јаже, истегнување.
● Изберете ефтини ресурси кои се достапни во вашата заедница, како што се паркови, училишни дворови, игралишта и сл.

Не дозволувајте да ве спречат временските услови
● Изберете активности кои не зависат од временските услови: статичен велосипедизам, аеробик, скокање со јаже, танцување и сл.
● Бидете подготвени за сите 4 годишни времиња. Располагајте со опрема за скијање во зима, костими за капење во лето, опрема за возење на велосипед, опрема за планинарење и сл.