Хашимотов тириоидитис или хроничен лимфоцитен тироидитис е автоимуно заболување во кое штитната жлезда е нападната од голем број на клеточни и противтело-посредувани имуни процеси. Ова било првото заболување кое било откриено како автоимуно заболување. Првпат било опишано од страна на јапонскиот специјалист Хашимото Хакару во Германија во 1912 година.Ова е и најчестото заболување на тироидната жлезда.

Етиологија

Се работи за автоимуно заболување или автоагресија спрема сопствените орагани(во случајов тироидната жлезда) во склоп на предиспонирани лица.Кај определени лица постои предиспозиција за генерирање на антитела против сопствените жлезди.

Има два вида на на вакви антитела: едни кои деструираат или блокираат (како што се кај Хашимото)и антитела кои стимулираат како кај тиротоксикозите.

Епидемиологија

Статистичките податоци покажуваат дека Хашимото тиреоидитис е најчестиот причинител за намалена функција на штитната жлезда(хипотиреоидизам).Не постои расна предиспозиција,а во однос на полова се јавува 4 пати почесто кај жени во однос на мажи.Возраста во која најчесто се јавува е помеѓу 30 – 50 години.

Клиничка слика 

Клиничката слика не е јасна од самиот почеток и болеста протекува бавно.

Штитната жлезда може да стане цврста, зголемена и лобулирана, но промените може да бидат и непалпабилни.

Главни клинички карактеристики се:

  • Умор и малаксалост
  • Констипација(запек)
  • Неподносливост на студ
  • Болки во зглобови и грчеви во мускули
  • Сува и исперутана кожа
  • Задебелени нокти
  • Опаѓање на коса
  • Зголемување на телесна тежина
  • Се појавуваат отоци на екстремитетите(раце и нозе)но најчесто на лице во пределот на очите.
  • Брадикардија(забавена срцева работа)
  • Пореметувања на менструалниот циклус кај жени и губење на либидото
  • Проблеми со меморија
  • Промени во расположението и склоност кон депресии
  • Може да се јави засипнатост,отежнато голтање(disfagija),отежнато дишење (диспнеа).
  • Може да се јави болка на предниот дел на вратот.

Дијагноза

  • Анамнеза
  • Лабараториски анализи(одредување на нивото на хормоните на тироидната жлезда и тиреостимулирачки хормон(TSH).
  • Серолошки тестови(присутни антитиреоглобулински антитела и антипероксидазни антитела.
  • Ултразвучен преглед на штитната жлезда и сцинтиграфија
  • Биопсија(за да се исклучи можноста за малигни промени)
  • Компјутеризирана томографија(скенер)

Прв знак дека нешто се случува со тироидејата е покачениот TSH.Овој хормон е всушност и првиот и најчуствителен параметар за Хашимотовиот тироидитис.Во понатамошниот тек на болеста доаѓа до опаѓање на нивото на тироидните хормони а до поголем и траен пораст на TSH.

Дијагноза се поставува најчесто со пункција на тироидната жлезда,кај која се наоѓа богатство на лимфоцити.

Лекување

Се додека не дојде до дефинитивно опаѓање на тироидните хормони нема потреба од лекување на болеста.

Треба да се прави повремено тестирање на гликемијата,бидејќи болеста е поврзана со појава на дијабетес.