Хипотиреоза е медицински термин кој што означува намалена функција на тиреоидната жлезда, така што желздата не создава доволно хормони. Тиреоидните хормони имаат рецептори речиси во секој орган во нашето тело, па така намалената функција на оваа жлезда ќе доведе до намалена функција на организмот почнувајќи од намалена функција на работа на срцето, мозокот, намалена дигестија (варење на храната) итн.

Хипотиреоидизмот е најчесто хормонално пореметување. Кај жените се јавува почесто отколку кај мажите. 10-20% од жените кои се на возраст над 40 години имаат проблем со тиреоидната жлезда.

Кои  се причините за хипотиреоидизам?

Причини за појава на хипотиреоидизам се:

  • недостаток на јод во исхраната
  • автоимунизаболувања (Хашимото – каде што телото произведува антитела кои го разоруваат ткивото на жлездата)
  • различни инфекции
  • хируршко отстранување на жлездата
  • преголемо консумирање на лекови за лечење на хипертиреоидоза (кои доведуваат до успорување на работата на жлездата)
  • дејство на лекови (алфа интерферон, талидомид, амиодарон)
  • туморски процеси на хипофиза и хипоталамус (жлезди кои се поврзани во процесот на создавање на тиреоидни хормони) или на самата тиреоидна жлезда.
  • Постпартален (после пораѓај) –овде може да биде и привремен , но може да се развие и во перманентен.


Симптоми на хипотиреоидизам:

Замор, губење на енергија, успореност, склоност кон спиење и навечер и дење (поспаност), зиморливост (неподнесување на студ) на болните секогаш им е ладно.

Смалување на апетитот и здебелување (луѓето добиваат на тежина и покрај истиот апетит и еднаквите количини на храна кои претходно ги внесувале).

Изразот на лицето станува тап, говорот успорен, веѓите спуштени така што изразот на лицето е често променет.

Косата им станува груба, сува и поретка, а кожата груба сува и перутеста.Се јавуваат парестезии (трнење на кожата).

Болки во мускулите (миалгија) и болки во зглобовите (арталгија).

Се успорува комплетно метаболизмот, се успорува работата на срцето па се јавува низок крвен притисок (хипотензија), се успотува пулсот, се намалува перисталтиката на цревата па затоа се јавува и запек (опстипација) .

Пореметување на расположението и појава на депресија, пореметување на менструалниот циклус –олигоменореја ( менструациите настануваат во интервали поголеми од 35 дена па до 6 месеци).

Намалени рефлекси, може да се јави и гушавост (струма), како  и отоци на рацете и нозете.

Како се поставува дијагноза за хипотиреоидизам?

Анамнеза и клиничка слика со добар  клинички преглед во голема мера помага да се посомнева за намалена функција на жлездата. Понатаму следи лабараториско испитување, а тоа пордазбира одредување на нивото на TSH во крвта кои нормални граници се движат од 0.4-2.5mU/L. TSH – хормон кој што го лачи хипофизата во крва и делува на тиреоидната жлезда за да одреди коклку Т4 и Т3 (тиреоидни хормони) да проиезведува.

Доколку TSH e во нормални граници тогаш функцијата на жлездата е добра. Доколку е на горна граница можно е да се развие хипотиреоидизам во иднина. Но доколку е над 4 mlU/l тогаш е сигурно дека има хипотиреоидизам. Во тој случај потребно е да се направат уште неколку испитувања со цел да се потврди дијагнозата и да се одреди степенот на хипотиреоза како и да се одреди причината. Најчесто ќе се повтори тестот за TSH, ќе треба да се испитаат и количеството на слободни тиреоидни хормони (Т4 и Т3) и тиреоидни антитела.

Ехото се користи за да се види структурата на жлездата, нејзината големина, да се открие присуство на евентуални јазли или инфилтративни процеси.

Лечење на хипотиреоидизам

Лечењето на хипотиреоидизмот подразбира надоместување на хормоните кои жлездата не ги создава. Во зависност од телесната тежина, потребите на метаболизмот и функцијата на тиреоидната жлезда се дава тиреоиден про-хормон-левотироксин еднаш на ден секогаш наутро 30-45 мин. пред појадок и тоа во доза која што ќе доведе нормализирање на вредноста на TSH.

Во најголем дел 95% надоплоната на левотироксин е сосема доволна. Многу ретко е потребно левотироксинот да се комбинира со Т3во однос (10:1).

Хипотиреоидизмот не мора да биде перманентен како што е во случаеви кога е тој предизвикан со некоја вирусна инфекција или после пораѓај. Тоа значи дека во овие случаеви терапијата се прима се додека не се нормализира функцијата на жлездата. Во случаеви каде нмалената функција на жлездата е трајно тогаш треапијата треба да се прима доживотно.

Во тек на бременост потребата за тиреоидни хормони е зголемена. Нормалната жлезда го следи ова темпо и создава повеќе хормони.Доколку има хипотиреоза и е третирана со левотироксин дозата (потребата) ќе се зголеми за 25-40% во вториот триместар.

Најбитно е да се информира лекарот дека има хипотиреоза колку што може најбрзо и да се следи нивото на TSH со цел што подобро и поефикасно прилагодување на дозата со левотироксин.. Ако не ја третираат болеста навремено, може да дојде  во прееклампсија и да имаат предвремено породување. Децата родени од жени со нетретирана хипотиреоза за време на бременоста,  може да имаат  хипотироидизам при раѓањето, ниска родилна тежина и помал коефициент на интелигенција. Скриниг за хипотиреоидизам во тек на рана бременост овозможува да се спречат здраствените проблеми кои можат да се јават не само кај мајката туку и кај плодот.