3

Факт : Има многу што може да се направи на ниво на поединец, заедница и на политичко ниво. Преку правилни  стратегии една третина од најчестите видови на рак може да се превенираат.

 

Промовирање на здрави животни навики

Условите во кои луѓето живеат и работат како и нивните животни навики влијаат врз нивното здравје и квалитетот на живот.

  • Глобалните, регионални и национални политики и програми кои промовираат здрави животни навики се од особено, есенцијално значење за намалување на појавата на карциноми кои се предизвикани од одредени фактори како на пример употребата на алкохол, нездрава исхрана и недостаток на физичка активност.
  • Употребата на тутун, најчестиот ризик фактор за добивање на рак на бели дробови, се поврзува со 71% од смртните случаеви од рак на бели дробови како и 22% од вкупните смртни случаево предизвикани од сите типови на рак. Врз основа на сегашните трендови, се проценува дека преку употребата на тутун една милијарда луѓе во 21 век ќе завршат со смрт предизвикана од овој тератоген фактор.
  • Алкохолот е познат ризик фактор за сите ракови. Поврзаноста е огромна со зголемен ризик за појава на рак на уста, грклан, хранопровод, на дебело црево како и ракот на дојката. Исто така може да го зголеми ризикот за појава на рак на црн дроб и рак на дебело црево кај жени.
  • Појавата на прекумерна тежина или дебелината е зголемена на глобално ниво вклучувајќи ги и децата и адолесцентите. Исто така причина за загриженост е и високиот однос на луѓе со прекумерна тежна кои живеат во несоодветни услови (две третини од глобалното население). Прекумерната тежина и дебелината исто така се поврзуваат со зголемен ризик за појава на рак на дебело црево, дојка, матка, панкреас, хранопровод, бубрези и ракот на жолчка.
  • Зголемувањето на стапката на лица со прекумерна тежина ќе доведе до зголмеување на стапката на лица заболени од рак доколку не се превземат соодветни политики, стратегии и кампањи за подобрување на режимот на исхрана кај населението како и зголемување на физичката активност.

 

Глобална порака

Имплементацијата на политики и програми кои го поддржуваат превентивниот пристап и ги зајакнуваат капацитетите на индивидуите да се одлучат за здрав режим на исхрана и да воведат здрави животни навики, преку кои би се превенирале одредени болести вклучувајќи го и ракот, може да донесе позитивни промени во навиките кај општото население.

 

Здравa работнa околинa

Работодавачите може да креираат околини кои го заштитуваат и промовираат здравјето на нивните вработени, преку обезбедување на :

  • Работна околина каде што не се пуши;
  • Обезбедување и пристап до можности за здрава исхрана;
  • Едукативни програми за подигнување на свеста кај работниците за ризик факторите за појава на карцином и важноста од раната детекција.
  • Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), 117.000 смртни случаеви секоја година се поврзуваат со изложеност на одредени канцерогени состојки, а еден од три смртни случаеви се предизвикани од штетното влијание на азбестот.
  • Друг добро познат фактор на кој се изложени работниците е и ултравиолетовото светло (УВ- зраците), од сонцето. Изложеноста на УВ зраците е основен фактор за појава на рак на кожата.

 

Глобална порака

Превенцијата има најдобар економски одржлив начин за намалување на појавата на нови случаеви со рак на глобално ниво на подолгорочен план.

Ефикасната превенција од рак на национално ниво започнува со изготвување на националниот план за контрола на ракот кој одговара на стапката на заболени од рак во една земја како и ризик факторите за појава на рак. Планот за конторла на ракот треба да содржи докази кои се базирани на соодветни политики и програми за намалување на нивото на изложеност на ризик факторите кои го предизвикуваат ракот како и зајакнување на капацитетите на индивидуите за прифаќање на здравите животни навики кои промовираат добра здравствена состојба во животот.

 

Намалување на ризикот за појава на рак кој се поврзува со некаква инфекција

 

За земјите во развој, ситуацијата често оди подалеку од решавањето на промена во однесувањето, со многу земји кои се соочуваат со “двојна количина” на изложеност, на најчести инфекции кои се поврзуваат со појава на ракот.

  • Хроничните инфекции се поврзуваат со приближно 16% од сите типови на рак глобално, овој процент се зголемува до 23% во земјите во развој.
  • Неколку од најчестите видови на рак во земјите во развој, како што се рак на хепар, рак на грлото на матката и желудникот  се поврзуваат со инфекции како хепатитис Б вирусот, хуман папилома вирусот (ХПВ), како и присуство на Хеликобактер пилори бактеријата.

Глобална порака

Две безбедни и ефективни вакцини може да превенираат појава на одредени типови на рак предизвикан со инфекција: вакцина за хепатитис Б за ракот на црниот дроб и вакцина за хуман папилома вирусот, предизвикувач на ракот на грлото на матката. Овие вакцини често нудат можност за намалување на инциденцата и поради тоа е добро да се вклучат во редовниот календар на имунизација како дел од националниот план за контрола на ракот.

долу3