4

Факт: Сите луѓе имаат право на докажан и ефективен третман за рак преку добивање на соодветна услуга, нега и терапија.

Добивањето на нега и пристапот до терапија за соодветен третман на ракот е прашање на социјална правда.

Разлики во резултатите од повеќето видови на рак постојат помеѓу развиените земји и земјите во развој.

  • Кај пациентите во земјите во развој кај кои ракот може да се лекува во развиените земји, често страдаат и непотребно умираат поради ниско ниво или недостаток на свест, ресурси и пристап до поволни и квалитетни услуги за третман на ракот како болест.
  • Половите разлики во моќ, ресурси, култура и несоодветните инвестиции на примарната здравствена заштита ги спречува жените во земјите во развој да ги користат услугите н.п програмите за превенција и рана детекција.
  • Повеќе од 85 % од 275, 000 жени кои умираат секоја година како последица од ракот на грлото на матката се од земјите во развој.
  • Повеќе од 70 % од 160.000 ново дијагностициани случаеви на рак кај деца во светски рамки, секоја година немаат пристап до соодветен, ефективен третман. Резултатот е неприфатливо ниска стапка на преживување од ~10% во некои земји со низок или среден приход споредено со ~90% во развиените земји со високи приходи.
  • Сиромашните и ранливи популации не се во можност да си дозволат скапи лекови за третман и терапија на рак, кои најчесто се плаќаат од страна на пациентите, доведувајќи ги фамилиите во долгови и сиромаштија.

Глобална порака

Ракот не е само здравствен проблем. Тој има големо влијание на општествено, економско и развојно ниво, како и импликација на човековите права. Нееднаквоста се продлабочува преку социјалните и еколошки фактори како и двојното зголемување на  болестите предизвикани од штетни влијанија во земјите во развој кои чуваат “милијарда на дното” заклучена во хронична сиромаштија заканувајќи се на националната економија.

Пристап до ефективни, квалитетни и достапни услуги за третман и терапија на ракот е право на секоја индивидуа.

Сите луѓе треба да имаат без дискриминација, пристап  до здравствени услуги како и проверени, достапни и ефективни лекови и технологии.

Задоволстовто од највисок стандард на здравствени услуги е едно од основните права на секое човечко суштество

– Универзална Декларација на Човекови Права

  • Во повеќето случаеви најголемиот пропуст во третманот на рак е недостатокот на соодветна палијативна нега и достапност на методи за намалување на болката.
  • Кратка листа на лекови може да ја контролира волката во скоро 90 % од сите случаи на рак проследен со болки вклучувајќи ги и децата. Сепак мала достапност или недостапност на адекватен третман на болка е норматив во многу земји.
  • Недостапноста на услуги за рак е тесно поврзана со социоекономската положба на сиромашните и ранливи популации кои не се во состојба да си обезбедат скапи лекови за терапија на ракот како и соочувањето со недостапност на квалитетни капацитети за третман на ракот.
  • Разликите во професиите, полот, етничката припадност и во одредени случаеви едукацијата се тесно поврзани со заедничкките ризик фактори за појава на рак односно, недоволната исхрана, употребата на тутун и пасивното пушење и  употребата на алкохол.
  • Во многу од земјите независно од нивната економска состојба, недостатокот на здравствено осигурување и другите бариери ги спречуваат луѓето од добивање на основна здравствена заштита.
  • Клучен елемент во одржливиот развој и намалувањето на сиромаштијата е универзалната здравствена заштита преку која се обезбедува луѓето да имаат пристап до здравствени услуги без финансиски потешкотии, што пак претставува главен сегмент во напорите за намалување на социјалните разлики при резултатите од ракот.
  • Постојат успешни програми за контрола и третман на ракот во многу земји во развој кои ги користат соодветните решенија обезбедувајќи одржлив и рамноправен пристап до услугите, кои содржат од превенција и рана детекција до третман и палијативна нега за болни од рак.

dolu