2

Факт: За многу типови рак постојат предупредувачки знаци и симптоми и бенефитите од нивното рано откривање се неоспорни.

 

Препознавање на знаците и симптомите на ракот

Од особена важност за индивидуите, заедниците и здравствените работници е да бидат свесни и едуцирани за препознавање на знаците и симптомите кои се последица на ракот (каде што е можно).

Точно е дека раните знаци и симптоми се сеуште непознати за одредени видови на рак, но за многу од нив вклучувајќи ги ракот на дојка, ракот на грлото на матката, ракот на кожа,  колоректалниот карцином како и некои видови на рак кои се јавуваат во детска возраст се неоспорни.

Високата свест е првиот чекор во раната детекција и позитивниот исход од третманот на ракот. Иако некои видови рак  имаат ниска стапка на преживување, како што се ракот на јајници и панкреас, ретко пројавуваат рани знаци и симптоми, истражувачите на рак во светски размери сепак бараат иновативни начини за подобрување на раната детекција и развивање на нови тестови за рана дијагностика на овие заболувања.

Со неколку исклучоци, ракот кој е откриен во ран стадиум дава поуспешни резултати за разлика од  оној кој е откриен во подоцен стадиум.

Примарните здравствени работници е неопходно да се снабдени со потребното знаење и алатки за препознавање на раните предупредувачки знаци и симптоми на рак. На тој начин би се упатиле пациентите на специјалист во раната фаза од заболувањето како и би се спречило поставување на погрешна дијагноза.

Препознавањето на раните знаци на одредени типови на рак е од особено значење при услови со недоволни ресурси- каде што би имало поголем исход во одредени случаеви кои за кои не се потребни специфични дијагностички технологии. На пример клиничкиот преглед на дојки изведен од страна на примарните здравствени работници кои имаат потенцијал да дијагностицираат рак во рана фаза, особено во региони каде повеќето од пациентите со рак на дојка се дијагностицираат во понапреднат стадиум.

Рана дијагностика

Раната дијагностика зависи од повеќе фактори. Стратегиите за подигнување на свеста за ракот и важноста од посетата на лекар кога се присутни симптомите како и интервенциите за рана дијагностика имаат најголеми шанси за подобрување на исходот при третманот на ракот.

Постигнување на правичност при раната детекција

Правичноста при раната детекција треба да е приоритет.

Во услови на недоволни ресурси, повеќето типови на рак се дијагностицираат во подоцен, понапреднат стадиум поради :

  • Недостаток на инвестиции за услуги за третман и дијагностика на рак, особено во примарната здравствена заштита.
  • Недоволно развиена свест за важноста на раната дијагностика и важноста од посетата на лекар кога се присутни симптомите дури и помеѓу здравствените работници,
  • Ширењето на дезинформации и митови за дијагнозите и третманот на ракот како и стигмата, полот и социјалните разлики кои доведуваат до примена на алтернативните начини за треман на ракот во места каде што веќе има воведено стандарден третман или пак избегавање на третманот и терапијата за ракот.
  • За ракот на грлото на матката студиите покажуваат дека дури и само еден скрининг кај жена на возраст од30 до 40 години може да го намали ризикот за добивање на оој карцином за една третина.
  • За колоректалниот карцином постои широка палета на можности за тестирање кои можат да бидат прилагодени на ресурсите со кои располага една земја како и на самата болест.
  • Критичниот проблем со кој се соочуваат скрининг програмите е одбирањето на соодветниот тест кој би постигнал најдобро покривање, висок квалитет како и сигурно проследување.

 

Глобална порака

Успехот на програмите за рана детекција може да се мери преку намалување на стадиумот во кој се дијагностицира карциномот преку методите на рана детекција придружени со намалување на стапката на морталитет од ова заболување.

Зајакнување на капацитетите на здравствените работници

 

За многу земји во развој, обезбедувањето на квалифицирани кадри за дијагностика и третман на ракот останува предизвик каде што се соочуваат со недостаток на онколози и други специјалисти вклучувајќи ги и патолозите.

Негата од специјалисти во областа на третманот на рак е од особено значење кој се надополнува со стручноста на здравствените работници од примарната здравствена заштита, олеснувајќи го пристапот и контролата на тртманот на ракот.

Можна е поделба на задачите помеѓу здравствените работници кои имаат различни нивоа на тренинг при што ефективно би се вклучиле и клиничките асистенти, медицински сестри и доктори кои работат во примарната здравствена заштита.

Здравствените работници од примарната здравствена заштита може да се обучат за изведување на ефективни клинички прегледи на дојки особено во оние области каде што постојат објективни шанси за намалување на бројот на дијагностицирани пациенти со рак на дојката во понапреднат, доцен стадиум кој може лесно да се дијагностицира преку изведување на клинички преглед.

За колоректалниот карцином, студиите покажуваат дека медицинските сестри немедицинските ендоскописти можат успешно да извршуваат дијагностички тестови.

Постојат можности за пополнување на празнините во обуките на здравствените заботници преку употреба на информатичките и комуникациски технологии (ИКТ), вклучувајќи ги мобилните и онлајн пристапи за дополнување на традиционалните наставни методи.

Развојот на едукациски и тренинг програми, засновани на научни материјали и тренинг мрежи, за здравствените работници е од особен значење.

 

Глобална порака

Обезбедувањето на квалификувани кадри на здравствени работници е од особено значење за успешно спроведување на програмите за рана детекција на карцином.

 dolu2