mit1 slika

 

Факт : Зборувајте за ракот како болест!

 

За повеќето луѓе, дијагнозата рак претставува настан кој го менува животот, предизвикувајќи чувства на шок, страв, лутина, тага, осаменост, напнатост и нервоза. Разговорот за ракот со партнерот, пријателите и колегите може да помогне во олесунување на овие  чувства, но сепак на многу луѓе им претставува проблем да разговараат на оваа тема.

Во повеќето случаеви, ракот останува табу тема и луѓето со дијагноза рак често се предмет на стигма и дискриминација која може да ги натера да престанат да бараат помош за третман и нега.
Негативната перцепција за ракот кај  населението може да  ја потисне јавната дискусија и да предизвика ширење на дезинформации кои го попречуваат процесот на подигнување на јавната свест кај населението за превенција од ракот како и важноста на раната детекција во успешното лекување на оваа болест. Борбата против културните бариери кои се причина за ширење на дезинформации е од суштинско значење.
Степенот на познавање на оваа болест и желбата за разговор на оваа тема со фамилијата и пријателите може да биде на доста ниско ниво дури и во високо развиените заедници.
Постојат кампањи чија намена е да ги разбијат табуата и страмот за некои машки типови на рак (рак на проста, рак на тестиси и колоректален рак) како и да ја подигнат свеста кај населението за препознавање на раните знаци и симптоми на овие заболувања.
Негата и поддршката на заболените од рак е од огромно значење!
Соодветната нега при третманот на рак може да биде од огромно значење како за психичкото така и за физичкото здравје. Недостатокот од информации и поддршка кај партнерите, членовите на фамилијата или пријателите може да доведе до емоционален стрес и кај некои случаеви и појава на депресија.
Обезбедувањето на поддршка како кај личноста која се грижи за заболениот така и кај заболениот од рак може да им помогне на двете страни за полесно справувањето со болеста како и подобрување на квалитетот на живот. Партнерите, пријателите и членовите на фамилијата може да помогнат на свој начин, на пример преку приклучување во група за помош и поддршка на заболени од рак.
Ракот и работното место
Кај пациентите заболени од рак постои значително финансиско оптоварување. Како за самите пациенти така и за луѓето кои се грижат за нив поддршката од работодавачите е од огромно значење. Позитивниот пристап на соработниците овозможува намалување на стравот и напнатоста кај вработениот кој се справува со ракот, како и овозможува зголемување на самодовербата кај заболениот при справување со работните обврски.

 

 

 1