Хипертироидизам или Базедова болест е едно од најчестите нарушувања на штитната жлезда и најчеста причина за појава на хипертиреоза при која штитната жлезда излачува преголема количина на тироидни хормони.

Болеста го добила името  е по нејзиниот откривач, германскиот лекар Карл фон Базедов (1799-1854).

Етиологија
Базедова болест спаѓа во групата на болести со автоимуна етиологија.Причините се всушност во способноста на некои луѓе да создаваат антитела против сопствените органи и ткива,што е наследно пренесено.Најголемиот дел на овие антитела припаѓаат на групата на IgG глобулини.По пат на имунофлуоресценција,откриени се 4-типа на антигени антитела кои се специфични  за определени антигени.Тие се таложат на определени структури комплетно менувајќи ја нивната функција.

Симптоми
Клиничката слика на болеста е мошне богата,бидејќи се должи на дејствувањето на тироидните хормони врз сите органи и ткива..Симптомите се јавуваат брзо ретко постепено.Најчесто страдаат жени во млада фертилна возраст,но и постари,поретко мажи.

  • Губење на телесната тежина и покрај зголемениот апетит
  • Забрзано чукање на срцето и зголемен крвен притисок
  • Претерано потење
  • Засилена чувствителност за топло
  • Зачестено празнење на цревата пропратено со пролив
  • Слабост на мускулите, тресење на рацете
  • Појава на гушавост
  • Испупчени очни јаболка
  • Кај жените промена на месечниот циклус или целосно изостанување на циклус
  • Испупчените очни јаболка се симптом на Базедова болест.Настанува кога ткивото кое ја покрива очната празнина ќе се воспали и отече, очните јаболка се испупчуваат. Ова нарушување се нарекува егзофталмус. Ако капаците неможат да го покријат целото очно јаболко, окото станува суво и надразнето. Долготрајното воспаление може да ги ослабне очните мускули и подвижноста на окото и да доведе до нарушувања на видот.

Дијагноза
Дијагнозата е едноставна кај развиена клиничка слика,посебно ако постои прав мерсенбуршки тријас струма,егзофталмус и тахокардија. Секоја тахикардија од необјаснето потекло треба да побуди интерс за испитување на штитната жлезда.

Неопходно еда се определи тироксинот,најдобро слободниот тироксин.Скен на тироидејата е потребен поради појава на тријод тиронин(FTZ) во ретки случаи,определување на фиксациониот распоред на жлездата,како и евентуалното постоење на јазол.

Пункција ретко или воопшто не е потребно во рутински случаи.

Определувањето на TSH е потребно доколку резултатите на тироидните хормони се гранични или несугурни.TSH е низок,но тоа е мерливо за разлика од токсичниот аденом каде што не е мерливо.

Третман
Лекувањето на Базедовата болест е макотрпно,долготрајно и несигурно.Постојат повеќе начини на лекување на Базедовата болест.

Во принцип најчесто се употребуваат три вида терапија

1.Конзервативна или таблетарна терапија(тука спаѓа лекување со повеќе видови препарати).

Тиамазол-лекот е постар и добро познат кај нас.Се започнува со високи дози,кои даваат клиничко подобрување по 2 недели.По 6 недели настапува регулирање  на метаболната состојба,со што дозата се редуцира. А наредните 6 недели се до дозата на одржување.Терапијата трае 18 месеци.Секакво порано прекинување на лекувањето доведува до рецидив на болеста.

Пропилтхиоурацил(PTU)т е во широка и се поголема употреба.Неговото дејство е сложено и лекот може да се дава и кај трудници.

Иренат-претставува перхлорат.Се дава во вид на капки.Дејствува врз примањето на јодот од страна на тироидејата.Се дава во случај на алергии на тионамид или PTU.

2.Зрачење со Ј 131 и Ј 125.Не смее да се препорачува кај трудници кај многу млади и многу стари лица.Ј 131 се препорачува заради ефикасноста како и брзото оспособување за работа

3.Хируршко лекување

Начин на живеење

  • Откако начинот на отчукување на срцето ќе се врати во вообичаените вредности, аеробните вежби во траење од 15 до 20 минути на ден често се препорачуваат за одржување на правилна работа на штитната жлезда.
  • Кога боледувате од хипертиреоза, употребата на храна која влијае на работата на штитната жлезда може да го намали лашењето на хормонот. Меѓу тие продукти ги вбројуваме зелката, крушките, кикиритките, шведската репка, сојата и спанаќот. Инјекциите на витамин од Б-групата, исто така, можат да бидат многу полезни.
  • Ако капаците не ги покриваат сосема вашите очни јабола, во текот на ноќта употребувајте превез за очи. Тоа ќе го спречи претераното сушење на рожницата на окото
  • Различните видови вештачки солзи ви се достапни и без лекарски рецепт. Навлажнете ги очите секогаш кога ќе почувствувате дека се суви
  • Ако очите наутро ви се црвени и отечени, спијте така што главата да ви биде во исправена положба.
  • Носете очила со темно стакло за да ги заштитите очите од пресилна светлина, сонце и ветер.