Energy_2

Градните протези се многу издржливи. Нивниот дизајн, изработка и материјал ги дозволуваат речиси сите активности од секојневието на повеќето жени. Силиконот е природен материјал кој лесно се адаптира на телесната температура и ги следи движењата на телото.

Благодарение на новата измена во Правилникот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија секоја жена оперирана од рак на дојка има право на вештачка силиконска протеза на секои 12 месеци. Редовната промена на протезите е првиот чекор кој ќе ви обезбеди безбеден и сигурен живот и по мастектомијата.

Правилната нега и грижа за силиконските протези исто така е неопходна.

  • Внимавајте на остри предмети како што се игли, брошеви, нокти и миленичиња, затоа што доколку се оштети протезата, не е возможно да се залепи.
  • Избегнувајте користење на разни козметички препарати како пудра, лосиони и масла за тело, парфеми и спрејови во пределот на лузната и градната протеза.
  • Се препорачува секојдневно миење на градната протеза со благ сапун и ладна вода. Протезата се суши природно, со мека крпа или со фен на најслаба температура.
  • За да го зачува својот облик градната протеза треба секогаш да ја чувате во својата кутија.

Некои од најчесто поставуваните прашања во врска со градните протези

П. Дали постои начин да се избегне топлината за време на летниот период?

О: Никогаш не носете ја градната протеза директно до кожата, освен ако не е самолеплива. Џебот од ортопедскиот градник е специјално дизјниран да овозможи сооветно вентилирање и евапоирање на потта. Некои жени тврдат дека со носењето на полесни протези ја намалуваат топлината. Многу е важно да се носи ортопедски градник кој не дозволува градната протеза директно да се допира до градниот кош или абдоменот и со тоа ја превенира постојаната влага која може да предизвика иритација на кожата и инфекција.

П: Колку трае животниот век на протезата?

О: Иако градната протеза може да не се оштети повеќе години, светските препораки за оптимален период на носење на една протеза се 1 година. Редовното менување на протезата е најдобар начин за заштита од инфекции и иритации на кожата. Исто така, големината и формата на протезата треба да кореспондираат со пропорциите на телото. Редовното менување обезбедува идеално прилегање на протезата. Доколку имате дилема околу прашањето кога треба да ја смените ваша протеза, посетете некој од центрите на Медикус Хелп, каде што ке добиете совет од сертифициран кадар.

П: Ја чувствувам мојата протеза многу тешка, дали можеби е преголема?

О: Првата работа која мора да ја проверите е дали вашиот градник е соодветен за протезата. Градниците имаат животен век од 2 до 6 месеци континуирано носење. Потоа се препорачува промена на градникот. Доколку градникот не дава соодветна поддршка на протезата и не ја чува прилепена за градниот кош, тогаш прерамките на градникот престануваат да вршат поддршка на тежината на протезата и таа влече надолу и ги оптеретува рамената. Носењето на силиконски влошки за прерамки може многу да ве растерети.

П: Дали е подобро да изберам полесна протеза?

О: Многу жени кои не можат да ја толерираат тежината, велат дека полесните протези се покомфорни за нив. Некои медицински индикации како лимфедема или остеопороза исто така бараат носење на полесна протеза. Сепак, најдобро е да се консултирате со сертифицираните асистенти за да изберете производ кој што ќе одговара на вашите индивидуални потреби.

П: Јас имав лимпектомија, квадратектомија или реконструкција. Која градна протеза е соодветна за мене?

О: Парцијалните градни протези се идеално помагало за изедначување на секоја разлика во дојките. Исто така самолепливите брадавици во разни големини се идеален детал за перфектен краен резултат.

 

 Breast_form_