Ѓумбирот (Zingiber officinale) е едногодишно растение кое потекнува од Азија и има долга историја на употреба како зачин во здравата исхрана и како лековито средство. Се користи како храна и лек дури  илјадници години пред нашата ера и се смета за првиот зачин што бил запознаен од Европјаните. Едно американско истражување неодамна докажа дека ѓумбирот ги намалува негативните последици од хемотерапијата, кои ги имаат пациентите со рак.

Истражувањето, извршено на 644 пациенти, покажало дека пациентите кои дневно земале од пола до 1 грам сушен ѓумбир или таблета со ѓумбиров прав, чувствувале и до 40% помала мачнина и вртоглавица, кои ги предизвикува хемотерапијата.

Се уште со сигурност не се знае како ѓумбирот дејствува против мачнина.Едно друго истражување покажува дека ѓумбирот во цревата дејствува како јак антивоспалителен агенс. Резултатите од ова најновото истражување докажува дека некои состојки кои се наоѓаат во коренот на ѓумбирот може да го намали ризикот од рак на дебелото црево-истакнува авторот на ова истражување  Suzanne M. Zick, истражувачки асистент и професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Мичинген. Резултатите се објавени во часописот „Cancer Prevention Research. Ексериментите направени на глувци и стаорци покажале дека ѓумбирот може да спречи формирање на тумори кога животинската храна е изложена на хемикалии кои предизвикуваат рак на дебело црево.

Употреба

Ѓумбирот може да се консумира како свеж, претходно изложен на пареа или сушен па сомелен во вид на прав како зачин за печурки, месо, риба, ориз, јадења од зеленчук, но и за припрема на колачи.

Состав

100 грама  корен од ѓумбир има енергетска вредност од 80 kcal, а содржи протеини 1,82 g. масти 0,75 g. и 18 g. јагленохидрати.

Од минерали содржи калиум, бакар, магнезиум и манган. Од витамини содржи  витамин Ц, витамини од групата Б, како витамин Б 6, и во мали количини пантотенска кислеина и ниацин. Меѓу сите тие нутритиви активната супстанца е претставена со гингерол (zingiberin) кој има дејство на аспирант. Лесно испарливите масла содржани во ова растение се одговорни за неговиот лут мирис и вкус.

Лековитост

Свежиот ѓумбир се користел како средство против повраќање, против кашлица и метеоризам (зголемени гасови во системот за варење), додека ѓумбир во прав го користеле како средство за смирување на абдоминалните болки, стомачни мачнини, лумбаго и против дијареа (проливи). Африканците го користат напитокот од ѓумбиров корен како добар афродизијак, додека жените од Нова Гвинеја го употребуваат коренот од ѓумбир како контрацептивно средство. Во Индија прават чај од свеж ѓумбир и го употребуваат како средство за смирување на кашлицата и како лек против тромбоза. Во Англија,  го користела ѓумбирот за изработка на пиво, кое и ден денес e популарно во Англија.

Во медицинските книги кои датираат и од пред 200 години главната индикација за користење на ѓумбирот е како антикоагуланс и како лек против стомачни мачнини. Истражувачите денес докажале дека ѓумбирот е подобар од фармацевтските лекови против мачнините, кој го спречува чувството кое го тера човекот на повраќање. Во оваа цел многу важно е тоа што ѓумбирот не предизвикува поспаност бидејќи делува на желудникот, а не во мозокот. Таа способност на ѓумбирот ја користеле морнарите на долги пловидби кои џвакајќи закиселен ѓумбир ги надминувале мачнините предизвикани од големите морски бранови. За спречување на мачнините било потребно консумирање на само половина кафена лажичка сомелен ѓумбир во сок, во чај или во јадењето.

Истражувачите во Данска утврдиле дека ѓумбирот ефикасно делува против згрутчување на крвта бидејќи ја спречува синтезата на супстанцата наречена тромбоксан која сигнализира на крвните клетки да се групираат, што е прв чекор за формирање на тромбовите. Истражувачите на Корнел универзитетот установиле дека ѓумбирот ја разредува крвта со што може да ги разбие веќе создадените тромбови со помош на супстанцата наречена гингерол која има структура многу слична на аспиринот, кој е меѓу останатото познат и како добар  антикоагуланс. Истражувачите во Индија установиле дека ѓумбирот драстично го намалува превисокото ниво на холестеролот во крвта предизвикано со неконтролирана употреба на заситени масти во исхраната. Во Јапонија установиле дека ѓумбирот ги намалува болките во организмот (делува аналгетски), го спречува повраќањето, го намалува прекумерното создавање на стомачен сок, го намалува високиот крвен притисок и ја стимулира работата на срцето. Исто така ѓумбирот се покажал како блокатор на непотребните мутации на човековите гени кои водат кон појава на рак.

Индикации:

  • Во тек на хемотерапија-како силен еметик го намалува чувството на гадење и вртоглавица
  • Антиканцерогено дејство на дебелото црево-заради бројните ефекти може да го намали ризикот од колоректален карцином
  • Циркулација – Ја подобрува циркулацијата на крвта делувајќи како вазодилататор (ги проширува крвните садови). Има силно анти-коагулативно дејство, намалувајќи ја штетната активност на еукозаноидите (т.н лоши хормони) кои се одговорни за лепењето на тромбоцитите и создавање на крвни грутчиња.
  • ДигестијаГи потикнува лачењето на желудочните сокови , ги релаксира дигестивните мускули делувајќи на нивниот тонус. Ги апсорбира и неутрализира токсините во желудникот со што помага кај грчеви и лошо варење. Го подобрува апетитот, ја поттикнува продукцијата на жолчниот секрет кој помага во дигестијата на мастите и го намалува нивото на холестеролот во крвта.
  • Респирација – како анти-спазмолитик и антисептик помага при воспаление на дишните патишта, астма, воспаление на синусите и крајниците. и го олеснува искашлувањето.
  • Мускулатура, сврзно и коскено ткиво – делува како анелгетик намалувајќи ги болките во мускулите. Со своето антиинфламаторно дејство (против воспалување) се потврдува како лек за реуматиден артритис. Делува антиоксидантно разградувајќи ги наслагите во синувијалната течност во зглобовите. Ја забрзува регенерацијата на оштетените ткива во случај на фрактура.
  • Урогенитално – Делува како аналгетик и антиспазмолитик и ги намалува менструалните грчеви. При воспаление на мочниот меур, бубрезите и простатата делува антиинфламаторно. Познат е како добар афродизијак кој ја подобрува сексуалната моќ.
  • Кожа и коса – Корисен е во третманите на осетлива венска варикоза и го намалува целулитот.
  • Метаболизамго забрзува метаболизмот предизвикувајќи побрзо согорување на калориите (до 20% повеќе од вообичаеното) со што ја регулира телесната тежина.

    Контраиндикации

Не е дозволена негова примена кај оние со улкус на гастер и дванаесетпалачно црево.