Во 2008 година EuropaColon го именува месец март како европски месец за подигнување на свесноста за колоректалниот карцином. Оттогаш, секоја година различни активности се спроведуваат низ Европа, со цел да се подигне свеста за КРК – болест која истовремено може да се спречи и лечи!

Многу луѓе не знаат, но колоректален карцином е третиот најчест рак кај мажите (746.000 случаи, 10,0% од вкупниот број), а втор кај жените (614.000 случаи, 9,2% од вкупниот број) во целиот свет. Алармантно е кога ќе сфатите дека секоја минута, околу 3 луѓе се дијагностицирани со рак на дебелото црево во целиот свет. Во просек, ризикот да бидете дијагностицирани со КРК е околу 1 во 20 иако ова во голема мера варира според индивидуалните фактори на ризик. Иако 90% од сите случаи се јавуваат кај луѓе кои се на возраст од 50 или повеќе години, постои зголемување на бројот на млади луѓе кои се дијагностицирани со оваа болест секоја година. Истражувањата покажаа дека дебелината е директно поврзана со зголемен ризик од рак на дебелото црево. Она што е впечатливо е дека половина од граѓаните на ЕУ се со прекумерна тежина. Стапката на дебелина двојно се зголеми во текот на изминатите 20 години во многу европски земји а бројот на дебели лица во Европа се зголемува за 1 милион секоја година.

Здравата исхрана не значи строги ограничувања во исхраната. Вие не треба да бидете нереално слаби, или да се откажете од храната која ја сакте. Напротив, така ќе се чувствувате одлично, ќе имате повеќе енергија и стабилност на Вашето расположение. Целта на здравата исхрана е да се развие исхрана која ќе може да се задржи целиот живот, а не само неколку недели или месеци, или додека ја постигнете Вашата идеална тежина. Овошјето и зеленчукот се темел на здравата исхрана. Тие се ниски во калории и богати со хранливи материи, што значи дека тие се преполни со витамини, минерали, антиоксиданси и растителни влакна. Обидете се да го намалите износот на црвено месо и преработеното месо кои ги јадете секоја недела и наместо нив внесувајте многу растителни влакна. Многу е поверојатно дека ќе развиете добри нови навики, ако го промените она што го правите постепено во текот на времето.

Постојат некои лоши навики кои се директно поврзани со шансите за добивање на рак на дебелото црево, како и други болести. Пушачите се со поголема веројатност да бидат погодени од оваа болест отколку непушачите како и високите потрошувачи на алкохол.

Вежбањето е толку важно, но тоа не мора да биде сè-или-ништо. Не треба да поминувате часови во теретана или да се терате себеси на серија монотони, болни активности кои ги мразите, со цел да доживеете физички и емоционални придобивки. Додавање на малку физичка активност во Вашата неделна рутина може да има големо влијание врз Вашето ментално и емоционално здравје. Вежбање умерено 30 минути, пет пати неделно е една од најдобрите работи што можете да ја направите за Вашето физичко и ментално здравје. Истражувањата покажале дека блага до умерена активност е доволна за да Ви го промени животот на подобро. Умерена физичка активност значи: да дишете малку потешко од нормално, но не да останете без здив