Дали можам да пливам после мастектомија?

Одговорот е гласно ДА. Бидејќи е толку нежно, пливањето по операција на дојки е одличен начин да се вежбаат сите поголеми мускулни групи и да се избегне мускулна атрофија која понекогаш се појавува кај пациентите по операција кои пролонгирано мируваат и не се физички активни.

Кога лекарот ќе дозволи да се почне со умерено вежбање, пливањето е еден од најдобрите први чекори. Многу доктори и експерти за пливање го поддржуваат како еден од најбезбедните и најпогодни начини да се вратите на вежбањето. Голем плус од пливањето доаѓа од способноста за одржување на вода. Нема притисок или затегање на мускулите или зглобовите – вели Jane Katz, Ed.D .- професор по здравстевно и физичко образование на John Jay College при City University of New York. Исто така го добивате ефектот на ладење од водата, кој ја одржува вашата температура пониска за време на вежбањето. Ова е особено важно за жените кои преживуваат топлотни бранови кои се поврзани со природна или хемиски предизвикана менопауза.

 

Пливањето ги зацврстува мускулите и ги топи калориите

По операција на дојки, најверојатно ќе имате малку поинаков центар на рамнотежа и ќе треба да научите да ја поставите постурата на телото поинаку. Пливањето го зајакнува абдоменот, грбот и рамената, а сето ова помага да ја носите вашата тежина полесно, намалувајќи ја неудобноста во пределот на грбот. Посилни и подобро тонирани мускули, особено абдоминални, рамени и градни мускули, придонесуваат кон побрзо опоравување по операција на дојки. Големи се и бенефитите за кардиоваскуларниот систем. Кога ќе дојдете до степен да постигнете  брзо и стабилно темпо, ќе ја подобрувате и состојбата на срцето – најважниот мускул во вашето тело – секој пат кога пливате.

Согорувањето на калории е одлично за жените кои добиваат килограми во периодот по хемотерапија. Сепак, за многу жени, ефектните спортови како трчањето може да бидат непријатни, па дури и ризични доколку се случи да паднат. Од друга страна пак, пливањето и вежбите во вода помагаат да се согоруваат калориите полека и безбедно. За разлика од тенисот и другите натпреварувачки спортови, можете да пливате сами, со темпо кое вие ќе си го одредите и да престанете кога ќе се почувствувате уморни.

 

Еве 5 Совети за пливање по операција на рак на дојка:

  • Не практикувајте повеќе од 20 минути од било кој стил на пливање. Кучешкото пливање е погодно за кондиционирање на горниот дел од телото. Градното пливање помага за зајакнување на грбната мускулатура. Страничното пливање е полезно после латерална мастектомија ( работете со спротивната рака). Пеперутка стилот не се препорачува, бидејќи е напорен и бара заоблени движења наназад.
  • Секогаш загрејте се и одморете се со истегнување. По пет минути. Можете тоа да го направите во и надвор од базенот. Можете да седнете на работ на базенот и да удирате по водата или да ги истегнувате мускулите на потколениците. Во базенот можете да практикувате споро одење или џогирање за да му помогнете на телото да се адаптира на водата. Избегнувајте претерано истегнување на оперираната страна.
  • Не се прегревајте. Промените на вашето тело може да ве направат помалку прилагодливи на топлина, па не претерувајте. Ако живеете во топли краеви и пливате надвор, пливајте наутро или подоцна во текот на денот, за да ги избегнете најтоплите периоди од денот. Пијте вода пред и после пливање.
  • Не претерувајте. Ако сте уморни, престанете. Треба да сте релаксирани а не истрошени. Сега не е време да го преоптоварите срцето.
  • Пред да започнете со овој или било кој програм на вежби, секогаш консултирајте се со вашиот лекар. Ако не сте пливач, не почнувајте со 50 круга градно пливање. Наместо тоа, пробајте лесни водени вежби, како што се кружни движења со рацете и оттурнување од ѕидот, со што ќе постигнете многу од посакуваните ефекти.

 

Дали може да носам нормален костим за капење?

Одговорот е повторно ДА. Ако сте имале реконструктивна операција, вашиот костим за капење сеуште ќе ви одговара и ќе дава поддршка на вашите дојки додека пливате. Ако носите екстерна силиконска градна протеза, има многу опции на ортопедски костими за капење, специјално дизајнирани со џебови кои ја држат безбедно вашата градна протеза, или уште подобро – специјално дизајнираната протеза за пливање, како Aqua Wave. Хлорот или солената вода нема да ја оштетат вашата градна протеза – но секогаш по пливањето исплакнете ја (како и костимот за капење) со чиста вода. Ако не ја измиете, хлорот и солената вода ќе ја оштетат силиконската градна протеза.

 

А престој во топла бања, сауна или амам?

Многу жени не прашуваат дали можат да користат топли бањи и сауни со нивните градни протези. Еве ги нашите препораки:

  • Највисоката безбедна температура за силиконската градна протеза е 60°С. Пред да користите топла бања или сауна секогаш дознајте ја температурата на водата.
  • Вообичаена температура во амам е околу 50°С, што е прифатливо за градна протеза, вклучувајќи ја и протезата за пливање Aqua Wave
  • Избегнувајкте бањи со сулфур. Вашата градна протеза ќе ги апсорбира мирисот и бојата.
  • Aqua Wave е препорачлива за пливање и спа.