Истражувачите од University of Minnesota School of Public Health откриле дека ниското ниво на магнезиум во крвта може да го зголеми ризикот од мозочен удар за 25%.

Според податоците објавени во American Journal of Epidemiology, покачувањето на нивото на овој минерал во крвта може да го намали ризикот од исхемичен мозочен удар, поради смирувачките ефекти на магнезиумот врз крвниот притисок и дијабетот.

Најновата студија го покажува потенцијалот на магнезиумот да го намали ризикот од мозочен удар најверојатно преку антихипертензивен механизам, сугерирааат истражувачите, водени од Aaron Folsom од University of Minnesota’s School of Public Health.

Прехрамбени продукти богати со магнезиум се: зеленчук, месо, храна богата со скроб, никулци, јаткасти овошја и млеко. Поранешните анкети за исхрана покажуваат дека поголемиот дел од возрасните не ги внесуваат препорачаните дневни дози за магнезиум (320 мг. дневно за жени и 420 мг. за мажи).

Над 14 000 мажи и жени на возраст помеѓу 45 и 64 години земаа учество во студијата, и за период од 15 години следење, истражувачите документираа 577 случаи на исхемичен мозочен удар. Инциденцата на мозочниот удар била најголема меѓу дијабетичарите и луѓето со хипертензија, додаваат истражувачите.

Нивото на магнезиум во крвта било негативно асоцирано со ризикот од мозочен удар, наведуваат тие, со ниво од 1.6, 1.7 и 1.8 mEq/L поврзани со 22, 30 и 25% намалување на мозочниот удар, соодветно, споредено со 1.5 1.5 mEq/L. Откако резултатите биле прилагодени за хипертензија и дијабет, истражувачите откриле дека поврзаноста станува безначителна.

„Внесот на магнезиум со исхраната бил незначително обратно асоциран со инциденцата за исхемичен мозочен удар”, напишале Folsom и неговите соработници.

„Ниското ниво на магнезиум во серумот може да биде поврзано со зголемен ризик од исхемичен мозочен удар, делумно, преку ефектите врз хипертензијата и дијабетесот”, наведуваат истражувачите.

magnesium