•  По одстранувањето на дојката набавете си веднаш заштитно перниче кое ќе ви ја заштити раката и ќе и помогне да биде во правилна положба;
  •  Веднаш по операцијата набавете си ПРИФОРМ градна памучна протеза. Со носењето на ваквата протеза одма по операцијата ќе се чувствувате целосно и самоуверено.
  •  Најдоцна по еден месец (30 дена) од операцијата, веднаш по вадењето на конците набавете си силиконска протеза. Со тоа ќе ги превенирате болките во грбот и искривувањето на рбетниот столб поради не правилна распределба на тежината. Исто така носењето на силиконската протеза придонесува многу за самоуверена појава и самочувствие.
  •  Носењето на специјалните Амоенини градници ќе помогне при растеретувањето на рамениците од тежина со што ќе превенира појава на лимфоедема. Исто така специјалните ортопедски градници помагаат при зачувувањето на протезата на свое место со што допринесуваат жената да се чувствува сигурно и атрактивно.
  •  Веднаш по операцијата набавете си специјална компресивна ракавица за лимфоедема. Појавата на отоци на раката поради одстранување на лимфните јазли е многу честа појава. Отоците многу често се јавуваат и по 6 месеци од операцијата. Затоа, користењето на ракавицата пред да се појават отоците е многу корисно.
  •  Редовно правете ги вежбите за превенција од лимфоедема кои што можете да ги најдете во брошурата “Самодоверба. Се повеќе” и “Вежби за жени по операција на дојки”