Многу често се зборува дека зголемената ициденца на канцер се должи на три фактори :

  • животниот век ни е поголем отколку во средината на минатиот век, што значи дека постои поголема можност за појава на канцер во постара возраст
  • жените раѓаат деца во подоцнежни години, со што се зголемуваат можностите за појава на рак на дојка
  • имаме подобрени скрининг методи, што значи дека едноставно подобро го дијагностицираме канцерот, а не дека неговата појава е почеста

Иако горенаведените аргументи се вистинити, тие најчесто се користат за да се убедат  луѓето. Постојат одредени статистики кои овие факти не ги земаат во предвид. Како на пример, фактот дека живееме подолго не ја оправдува зголемената ициденца на педијатриски канцер помеѓу младата популација. Фактот дека жените раѓаат во своите подоцнежни години може да има влијание врз бројката на заболени од рак на дојка, меѓутоа не го објаснува 200% зголемување на ракот на простата во САД во периодот помеѓу 1978 и 2000 год, ниту пак 258% зголемување во одредени европски земји во истиот период. И на крај, подобрените скрининг методи, го оправдуваат фактот дека голем број на канцери се откриваат во раната фаза на развој, меѓутоа не дава објаснување за зголемената инциденца на канцери за кои не се прави рутински скрининг (како канцер на панкреасот, белите дробови, мозокот, тестисите и лимфомот). Дискутабилно е дали зголемената инциденца на канцер насекаде низ светот се должи на променета животна средина. Притоа овде не се мисли на промени на средина како на оние кои предизвикуваат глобално затоплување, туку на промени во човековите навики на живеење. Генералниот директор на Светската Здраствена Организација донесе заклучок дека “околу 80% од канцерите може да се појават под дејство на екстерни фактори како што се животниот стил и животната средина.“

Што се има променетo во последниве децении? Д-р. Servan-Schreiber спомнува три важни точки :

  • Додавањето на големи количини на високо рафиниран шеќер во нашата исхрана –експоненцијалниот пораст на количината на шеќер кој го консумираме е неверојатен. “Наспроти тоа што нашите гени се развиле во средина каде една личност консумирала 2 кг на мед годишно, консумацијата на шеќер по човек пораснала на 5 кг годишно во 1830 па се до шокантна бројка од 70 кг годишно до крајот на дваесетиот век!”
  • Промени во методите по кои се одвива земјоделството и сточарството , како резултат на тоа и во нашата храна – од 1950 год па наваму фармерите го променија начинот на кој го хранат својот добиток. Префрлајќи се од пасишта на контролирано електронско фармерство. Оваа промена во исхраната и начинот на живеење на добитокот доведе и до промена на балансот на омега-3 и омега-6 во храната која тие ја продуцираат (месо, млеко, путер, јајца итн), што резултира со дизбаланс и во храната која ја консумираат луѓето.
  • Изложеност на голем број на хемиски продукти кои не постоеја пред половината на минатиот век – годишната продукција на синтетски хемикалии порасна од 1 милион во 1930 на 200 милиони до ден денес .

Што можеме да направиме во врска со сето ова ?

“Не можеме да очекуваме политичарите или пак идустријалците да ги донесуваат важните одлуки во наша полза. Ако чекаме епидемиолозите да бидат “сигурни” побрзо ќе умреме. Од друга страна сите ние имаме можност самите да превземеме одредени мерки на претпазливост. Можеме да одберме што консумираме. Покрај обидот за промена на начинот на кој се произведува храната, можеме да започнеме со сопствена заштита, преку одбирање на тоа што јадеме. Ја предлагаме следната табела:

Да се намали:

Да се замени со:

Храна со висок гликемичен индекс (шекер, бело брашно итн)

Овошје, брашно и прашоци со низок гликемичен индекс

Хидрогенирани или делумно-хидрогенирани масла

Сончогледово, соино и пченкарно масло, маслиново масло

Конвенционални млечни производи (премногу збогатени со омега-6)

Органски млечни производи (балансирани омега-6/омега-3 , без rBGH), соино млеко или јогурт

Пржена храна, чипс, пржени предјадења

Хумус, маслинки, шери домати

Неорганско месо, кожа од живина

Зеленчук, зрнест зеленчук (грав, грашок, леќа). Органска живина и јајца. Органско црвено месо (максимум 200гр неделно). Риба

Лушпа од неоргаски произведено овошје или зеленчук (пестицидите се лепат за нивната лушпа)

Добро измиено или излупено овошје или зеленчук или овошје и зеленчук на кој има ознака “органско производство”

Вода од чешма во средини каде има развиено земјоделство поради присутвото на нитрати и пестициди (извештај за присуството на нитрати и пестициди во водата може да се добие од локалните власти)

Филтрирана вода за пиење преку јаглени филтри или повратна осмоза. Минерална или изворска вода во пластични шишиња, доколку шишињата се немаат стоплено на сонце па водата мириса на пластика, со што се потврдува присутво на  PVC.

Антиканцер Храна

 

 

 

Одредена храна во западниот свет се смета за канцерогена. Како резултат на тоа се препорачува да се применува “антиканцер исхрана”. Оваа исхрана примарно се состои од зеленчук (како и зрнест зеленчук) придружено со маслиново (канола или ленено семе) масло, органски путер, тревки и зачини. Исто така во предвид доѓаат и месото и јајцата, а исто така постоi и листа на храна која може да помогне во борбата против ракот:

  • Зелен Чај – го намалува растот на новите крвни садови кои се потребни за развој на туморот и метастазите. Јапонскиот зелен чај (Sencha, Gyokuro, Matcha итн ) е поефикасен од Кинескиот зелен чај.
  • Куркум и Кари  – најсилниот природен антиинфламатор на денешницата. Исто така помага во развојот на апоптоза во клетките на канцерот и инхибира ангиогенеза. Лабораториски, утрврдено е дека ја подобрува ефикасноста на хемотерапијата и го намалува растот на туморот. Важно е да знаеме дека за да се ресорбира од страна на телото куркумот мора да се помеша со црн бибер. Најидеало е да го раствориме во масло (малиново, масло од ленено семе или канола).
  • Ѓумбир – делува како моќен антиинфламатор и антиоксиданс. Исто така помага во редукцијата на создавање на нови крвни садови. Инфузија со ѓумбир исто така помага во намалување на гадењето и тешкотиите кои се појавуваат после хемотерапија или радиотерапија.
  • Листест Зеленчук – зелки (Бриселско зелје, бок чои, Кинеска зелка, брокули, карфиол итн.) содржат антиканцер молекули кои се способни да детоксифицираат одредени канцерогени супстанци. Го спречуваат развојот на преканцерогените клетки во малигни тумори. Го потикнуваат самоуништувањето на канцер клетките и блокираат ангиогенеза.
  • Лук, Кромид, Праз – сулфурната компонента која ја има во оваа фамилија на зеленчук го редецира канцерогениот ефект на нитрозамините и н-нитро компонентите, кои се создаваат во препеченото месо или при согорувањето на тутунот. Потикнуваат смрт на клетките на канцер во цревта, градите, бели дробови и простата, како и кај леукемија.
  • Зеленчук и овошје богато со каротеноиди – моркови, компир, сладок компир, сквош, тиква, домати, персимони, праски, цвекло, како и сите овошја и зеленчуци со светла боја (портокалова, црвена, жолта, зелена) содржат витамин А и ликопен, кој имаат докажана способност за ихибиција на раст на клетките на одредени видови на канцер, од кои некои се доста агресивни (како на пр. мозочен глиом).
  • Домати – Докажано е дека ликопенот кој што го има во доматите допринесува за подолго преживавање на пациентите со канцер на простата, кои конзумирале сос од домати најмалку два пати неделно. Важно е да запомниме дека за да се ослободи ликопенот од доматите тие најпрво треба да се зготват. Нивната абсорпција во човековото тело ја потпомага маслиновото масло.
  • Соја – соините изофлавони (вклучувајќи ги генистеин, даидзеин и глицитеин) ја блокораат стимулацијата на клетките на канцерот од страна на половите хормони (како на пр. естрогените и тестостеронот). Исто така влијаат и преку блокада на ангиогенезата. Важно е да се знае дека изофлавонските суплементи (во форма на пилули) се асоцираат со влошувањето на одредени видови на канцер на дојка, но не и сојата која се внесува како храна. Исто така во многу делови на светот сојата се добива од генетски модифицирани организми. Влијанието на овие генетско модифицирани растенија на канцерот е сеуште непознато.
  • Печурки – Шитаке, Маитаке, Еноки, Кримини, Портабело, остригини печурки и трнливи остригини печурки, сите содржат полисахариди и лентиниан, кои ја стимулираат репродукцијата и активноста на имуните клетки. Овие печурки најчесто во Јапонија се користат како додаток на хемотерапијата за да го подобрат имуниот систем.
  • Тревки и Зачини – тревките како што се рузмаринот, тимјан, оригано, босилок и нане ја поттикнуваат апоптозата во клетките на канцерот и ја намалуваат нивната брзина на ширење преку блокада на ензимите кои им се потребни за да навлезат во соседните ткива. Карносолот во рузмаринот исто така е моќен антиоксиданс и антиинфаламатор. Докажана и неговата способност да ја зголеми ефикасноста на одредени хемотерапевтици. Магдоносот и целерот содржат апигенин, антиинфламатор кој поттикнува апоптоза и ја блокира ангиогенезата.
  • Алги – неколку видови на алги кои најчесто се конзумираат во Азија соджат молекули кои можат да го намалат растот на клетките на рак особено на ракот на дојките, простатата, кожата и дебелото црево.
  • Омега-3 – долговерижните Омега-3 аминокиселинни кои се наоѓаат во рибите ја намалуваат инфламацијата. Во клеточните култури тие го намалуваат растот на клетките во голем број на тумори (бели дробови, дојки, дебело црево, простата, црн дроб итн). Тие исто така влијаат и во спечувањето на појава на метастази.
  • Храна богата со Селен – селенот е олигоелемент кој се наоѓа во почвата. Зеленчукот и житариците кои се одгледуваат на органски начин исто така содржат големи количини на селен. Селенот го стимулира клетките на имуниот систем особено NK клетките.
  • Витамин Д – од неодамна е докажано дека одредена количина на витамин Д значајно го намалува ризикот од појава на одредени видови на канцер. Клетките на кожата продуцираат витамин Д кога ќе се изложат на сонце, меѓутоа во организмот можеме и да го внесеме преку таблети.
  • Бобинки – јагоди, малини, боровинки, капини содржат елагична киселина и голем број на полифеноли. Тие го стимулираат процесот на елиминација на канцерогените супстанции и ја инхибираат ангиогенезата. Антоцијанидите и прантоцијанидите исто така поттикнуваат апоптоза во клетките на канцерот.
  • Цитрусно Овошје – портокал, мандарини, лимон и грејпфрут содржат антиинфламаторни флавоноиди. Тие исто така стимулираат детоксификација на канцерогени супстанци преку црниот дроб. Се покажало и дека флавоноидите кои ги има во лушпата на мандарините ги напаѓаат клетките на туморот на мозокот кои служат за инвазија во соседните ткива.
  • Темно чоколадо – темното чоколадо (соджи повеќе од 70% какао) содржи одреден број на антиоксиданси, проантоцијаниди и полифеноли. Овие молекули го забавуваат растот на клетките на ракот и ја лимитираат ангиогенезата. Важно е да се знае дека мешањето на чоколадото со млечни производи го поништува ефектот кој го имаат молекулите на какаото во темното чоколадо. Затоа треба да се избегнува консумација на чоколадно млеко.

 

 

 

Антиканцер размислување     

 

 

 

Студиите покажале дека голем дел од жените кои имаат дијагностицирано рак на дојка се убедени дека нивната болест се јавила како резултат на одредена стресна ситуација во нивниот живот, како абортус, развод, болест на нивното дете, загуба на работа итн. Лекарите, исто така, уште оддамна ја асоцираат појавата на канцер со психолошки стрес. Меѓутоа постојат голем број на контрадикторни студии, поради што онколозите до ден денес не можат да се усогласат дали сами на себе си ја наметнуваме појавата на канцер.Она што е сигурно е дека ниту еден психолошки фактор досега не е идентифициран како способен да самостојно предизвика појава на канцер. Меѓотоа, одредени рекции на психолошки стрес можат значајно да влијаат врз клетките каде се јавил канцер. Стресните ситуации сами од себе не предизвикуваат рак, меѓутоа имаат влијание врз неговото побрзо ширење. Најновите студии укажуваат на тоа дека стресот сам по себе не предизвикува канцер, меѓутоа перцепцијата за изгубена контрола или беспомошност која се јавува кај пациентот влијае врз реакцијата која телото ќе ја има кон болеста.

Биолошкото објаснување за негативниот ефект на стресот врз развојот на канцерот се поврзува со ослободувањето на хормони. Познато е дека стресот предизвикува ослободување на хормони кои активираат одредени одбрамбени системи во човековото тело – како на пример се јавува одговор на инфламација, со што се олеснува растот и ширењето на туморот. А во исто време стресот ги одлага одредени физиолошки функции како што се дигестијата, репарацијата на ткивата и имуниот систем .

Што можеме да превземеме во врска со стресот ? Д-р. Servan Schreiber, предлага да пробаме да се ослободиме од стресот со јога, медитација, квигонг или некој вид на вежби за контрола на дишење. Друго очигледно решение е да се придружите кон групи за подршка.

 

 

 

Антиканцер тело     

 

 

 

На канцерот не влијае само нашата животна средина, исхрана или размислување; нашето тело исто така игра есенцијална улога не само во излекувањето, туку и во процесот на опоравување од него како и во спречувањето за повторно појавување. Во изминати студии лекарите посведочиле за постоењето на разлика помеѓу пациентите кои вежбаат и оние кои не вежбаат, по однос на опоравување и рекуренција. Има случаи каде пациентите продолжиле со живот иако лекарите им дале многу мали шанси за преживување. Сепак ова се изолирани случаи, сигурно и други фактори одиграле улога во нивното опоравување; начинот на кои овие индувидуи воделе сметка за кондицијата на своето тело сигурно имал позитивен ефект врз нивното опоравување и преостанати години.Терапија со масажа

Се поголем број на лекари ја согледуваат и важноста на терапијата со масажа во процесот на опоравување на пациентите со канцер.

Во понови експериментални истражувања на мали стаорци кои биле изолирани од нивната мајка при раѓање, се докажало дека отсутноста на физички контакт предизвикала одговор на организмот при кој телесните клетки буквално одбиле да се делат и растат. Во секоја клетка, делот од геномот кој е одговорен за продукција на ензимите кои се потребни за раст, не бил повеќе експресивен, со што целиот организам западнал во некаква форма на хибернација. Но кога лекарите го погалиле грбот на малиот стаорец, со мокра четкица, за да се имитира начинот на кој мајката стаорец регира на повикот на нејзините мали, веднаш се поттикнала продукција на ензими, а со тоа и раст. Оваа студија покажала дека внимателен физички контакт, како на пример масажа која се изведува со најдобра намера, најверојатно ја стимулира животната сила кај луѓето, не само на емоционално ниво, но и на биолошко ниво во самите клетки. Друг експеримет изведен во друг институт покажал дека 30 мин масажна терапија во рок од три недели предизвикала намалување на продукцијата на стрес хормони а се зголемил процентот на NK клетки кај жени со рак на дојка. Овие жени исто така биле посмирени и чуствувале многу помала физичка болка после само првата сесија.

Физички Вежби

Покрај масажата, физичкиот тренинг претставува друг начин на кој можеме да го зацврстиме нашето тело пред и по лечењето. Постојат голем број на механизми преку кои со вежбање се подобрува целокупната физиологија :

  • се намалува количината на масно ткиво, кое претставува главен склад за канцерогени токсини кај луѓето
  • физичката активност го модифицира нашиот хормонален баланс. Го намалува вишокот на естрогени и тестостерон кои го потикнуваат растот на канцерот (особено кај канцер на дојките, простата, јајници, утерус и тестиси)
  • со вежбање се намалува нивото на шеќер во крвта, а со тоа и секрецијата на инсулин и IGF кои значајно допринесуваат за инфламација на ткивата и за раст и ширење на туморите.
  • физичката активност дејствува и на цитокините кои се одговорни за инфламаторен одговор, намалувајќи го нивното ниво во крвта.
  • физичката активност, како и медитацијата, има директен ефект и врз имунолошкиот систем, заштитувајќи од стрес .

ВНИМАНИЕ: Одредени вежби можат да бидат опасни!

Некој канцери може да се јават на одредени делови од телото кои се поактивни за време на вежбање со што одредени вежби претставуваат опасност (како на пр. движење на рацете после оперативен зафат на пазувите, џогирање кај особи кои имаат метастази во коските итн.). Многу е важно пред да започнат со вежбање пациентите да се консултираат со нивниот онколог за тоа кои вежби најдобро би одговарале и не би биле опасни за нивната состојба.

.