Министерството за здравство организира голем хепенинг  по повод Светската недела на имунизација 2018, во Градскиот парк во Скопје , во сабота на 21 април со почеток во 12 часот.

На овој хепенинг, покрај многуте активности и забава за децата, кловнови, ликови од цртаните филмови , но и музички настапи на деца со популарни детски песни,  родителите ќе имаат можност непосредно да разговараат со лекарите на тема вакцинација кај децата, бенефити од неа но и за стравите од евентуалните несакани последици.

Имено, Светската здравствена организациа и годинава излезе со став дека вакцинацијата за некои болести секако е неопходна како превенција и дека имунизацијата спасува милиони животи.

Во соопшетението на официјалната страница на СЗО стои дека имунизацијата е широко признаена како една од најуспешните и најекономични здравствени интервенции во светот.

–         Сепак, има повеќе од 19 милиони невакцинирани или недоволно вакцинирани деца во светот, што ги прави сериозен ризик од  потенцијално фаталните болести. Од овие деца, 1 од 10 никогаш не добиваат никакви вакцини, и најверојатно никогаш не биле видени од страна на здравствениот систем. Целта на Светската недела на имунизација 2018 е да се поттикне поголема акција за имунизација ширум светот, со посебен акцент на вниманието на улогата што секој може да придонесе, од донатори до поединци, се вели во извештајот на СЗО.


Светската недела на имунизација – се прославува во последната недела од април – има за цел да ги истакне колективните активности потребни за да се осигуриа дека секое лице е заштитено од болести што може да се спречат со вакцини.

Овогодишната парола е : “Заедно заштитени”,  и преку # VaccinesWork “, ги поттикнува луѓето на секое ниво – од донатори до општата јавност – да продолжат понатаму во нивните напори за зголемување на покриеноста со имунизација за поголемо добро.
Напредок кон Декадата на вакцините
Глобалниот акционен план за вакцина (GVAP) – одобрен од 194 земји-членки на Светското здравство во мај 2012 година – има за цел да спречи милиони смртни случаи од болести што може да се спречат со вакцини до 2020 година преку универзален пристап до имунизација. И покрај подобрувањата во одделни земји и силната глобална стапка на ново внесување на вакцини, сите цели на ГВПП за елиминација на болеста – вклучувајќи мали сипаници, рубеола и мајчински и неонатален тетанус – стои во соопштението на СЗО .

подготвил:

Марија Тасев