Ашваганда (лат.Withania somnifera) е една од престижните и витално важните билки во Ајурведската медицина која старите хиндуси ја користеле уште пред 2000 години.
Ашваганда е во суштина ниска грмушка со мали зелени цветови и портокалово-црвени плодови (заради што се нарекува зимска цреша) која води потекло од повеќе региони во Индија.
На Санскрит оваа билка значи „мирис на коњ”- индицирајки ја притоа моќта на оваа билка која дава здравје и снажност на организмот како онаа на младите коњи. Старите Хиндуси ја користеле ашвагандата уште пред 2000 години како енергетик кој го подмладува организмот, за подобрување на менталното здравје и зголемување на физичката сила, репродуктивната способност, како и за зголемување на отпорноста на организмот кон настинки, грип и инфекции.
Карактеристики:
Лабораториските испитувања покажуваат дека хемиските компоненти кои се присутни во коренот на оваа билка припаѓаат во групата на антиоксиданси и алкалоиди од типот на витанин и витаферин, потоа масни киселини, аминокиселини, холин и различни видови на природни шеќери.
Ашвагандата има антистресогено и адаптогено дејство – го подмладува и освежува организмот, делува како невротрансмитер кој ги подобрува конгитивните способности, како и функцијата на имунолошкиот, кадиоваскуларниот, нервниот, репродуктивниот и ендокриниот систем.
Ашвагандата исто така има благ седативен ефект врз централниот нервен систем и делува како мускулен релаксант заради што се препорачува за намалување на ефектите на стресот, несоницата, анксиозноста и депресијата. Најчесто се употребува за подобрување на виталноста и општата здравствена состојба, особено кај лица кои се опоравуваат од тешки или хронични заболувања и помага во справувањето со болката кај артритисот и други коскени заболувања.
Повеќе студии за Ашвагандата покажуваат дека таа поволно делува врз некои бактериски инфекции предизвикани од Салмонела (разни труења со храна, дијареа и повраќање).
Во Азија оваа билка многу често се се користи и за зголемување на либидото, третман на импотенција и зголемување на плодноста кај мажите. Таа исто така помага и во регулацијата на шеќерот во крвта и ја намалува желбата за слатки работи заради што се препорачува и кај дијабетичарите.
Примена:
- при хронични заболувања, анемија и намален имунитет
- респираторни заболувања (бронхитис, кашлање и настинки)
- при болести на дигестивниот тракт (улцерозен колит, чир на желудник, хемороиди, пролив, повраќање и разни инфекции)
- при дијабет (хипогликемија)
- кај срцево-садови заболувања, хипертензија и ангина пекторис
- кај невропсихијатриски тегоби и емоционални состојби (депресија, стрес, анксиозност)
- при туморозни и малигни заболувања
- при автоимуни заболувања (лупус, ревматоиден артрит), туберкулоза
- кожни заболувања (разни рани, псоријаза)
- сексуално преносливи заболувања и намалена сексуална енергија
1 коментар
Почитувани,
како може да се набави коренот за да се одгледува во домашни услови?
Поздрав.