Почитувани,

Розовиот Карaван 2014 продолжува. Здружението за борба против рак „БОРКА-за секој нов ден“ во соработка со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје, ја продолжува кампањата за подигање на свеста кај населението за ракот на дојка.

 

На 18 ноември (вторник), во Битола, со почеток во 18:30ч. во просториите на Домот на Културата – Центар, Битола (мала сала), ќе се одржи предавање на кое свои обраќања ќе имаат:

 

  • Биба ДОДЕВА, Претседател на „Борка-за секој нов ден“
  • Д-р Маја ЧАПОВА – СТОЈЧЕВСКА, спец. радиолог, КБ Аџибадем Систина
  • Д-р Александар МИЦКОВСКИ, спец.хирург-уролог, КБ Аџибадем Систина
  • Д-р Славица КРАЛЕВА, спец. онколог-радиотерапевт, КБ Аџибадем Систина
  • Жаклина ЈОВАНОВСКА, претставник на Медикус Хелп, Скопје
  • М-р. Билјана МИЛОЈКОВСКА, фармаколог, Парацелзус, Скопје

 

Предавањето е од голема важност како за заболените од рак, така и за сите потенцијални пациенти на кои ќе им бидат презентирани најновите сознанија и инфорамции за ракот и достигнуваата во оваа област. Со тоа ќе ја подигнеме свеста за ракот како потенцијално излечива болест, доколку се открие навреме.

 

Ве очекуваме…