Светскиoт ден за борба против ракот е единствена иницијатива која го обединува целиот свет со една цел – борба против глобалната епидемија на рак. Овој ден е потсетник дека борбата со ракот не е само здравствен проблем, туку глобално значајно прашање на рамноправност.

Секој 4. февруари се обележува со цел да се спасат милиони животи преку подигање на свеста за ракот, поттикнување превенција, рано откривање и соодветен третман, но и мотивирање владините субјекти и индивидуалците ширум светот да преземат акција во борбата против ракот.
Светскиот ден за борба против ракот бил основан од Унијата за меѓународната контрола на ракот (UICC) за да ги поддржи целите на Светската Декларација за ракот, од 2008година. Примарната цел на Светскиот ден за борба против ракот е значително да ги намали случаите на рак и смртни случаи предизвикани од ракот до 2020 година, како и подобрување на квалитетот на живот за заболените од рак и зголемување на бројот на преживеани пациенти.

Митови за ракот
Светскиот ден за борба против ракот е шанса да се дигне колективниот глас на јавноста во име на подобрување на општото знаење за ракот и напуштање на погрешните сфаќања за оваа болест.
Мит бр.1 – Нема потреба да се зборува за ракот

Вистина: Иако ракот може да биде тешка тема, особено во некои општества и култури, доколку отворено со зборува за болеста може да се подобрат изгледите на индивидуално нови, како и во заедниците и политиките кои се водат во врска со оваа болест.
Мит бр. 2 – Ракот нема симптоми

Вистина: За многу типови на рак се јавуваат предупредувачки знаци и симптоми, а придобивките од раното откривање се неоспорливи.
Мит бр.3 – Нема што да направам во врска со ракот

Вистина: Постојат многу нешта кои можат да се направат на индивидуално ниво, на ниво на заедница и водење на политики, а со вистинската стратегија, штетите од најчестите типови на рак можат да бидат намалени заедно третина.
Мит бр.4 – Немам право на третман за рак

Вистина: Сите луѓе имаат право на пристап до докажан и ефективен третман и нега под еднакви услови, без страдање како последица.

Светската декларација за рак
Преку стратегии на Светската декларација за ракот целта е да се намалат прераните смртност од ракот, подобрување на условите за живот на пациентите и зголемување на бројот на преживеани лица. За да се постигне оваа цел Светската декларација за ракот смета дека е потребно да се преземат следниве акции:
1: Јакнење на здравствениот систем за ефективна контрола за ракот
2: Мерење на штетите предизвикани од рак и импактот на плановите за рак во секоја од земјите потписнички.
3: Намалување на изложувањето на ризичните фактори
4: Универзална покриеност со HPV и HBV вакцини
5: Намалување на стигмата и разбивање на митовите поврзани со ракот
6: Универзален пристап до скрининг и рано откривање на ракот
7: Подобрување на пристапот до соодветна нега
8: Универзален пристап за контролирање на болката и раководење со маката
9: Подобрување на едукацијата и тренинг за професионалците од здравството