Факт: Кога изгледаш добро, се чуствуваш подобро!

И покрај тоа што поминувате низ период на терапија и третман на канцер, добриот изглед може да ви помогне да се чуствувате подобро. Насмевката и убавото лицe се едноставен начин за враќање на контролата врз животот. Прочитајте 8 моќни совети кои ќе ви помогнат да го сторите тоа.

  1. Периките се одличен начин да се справите со губитокот на косата. Изберете перика слична на вашата природна коса или бидете храбри да пробате нешто сосема различно. Понекогаш целосно новиот изглед може да има позитивен ефект врз вашите ставови и емоции – сега е времето да се осмелите. Првиот пат периката нека ви ја намести стручно лице кое исто така може многу да ви помогне при изборот.
  2. Капите, марамите и турбаните се забавни за носење, лесно се местат и можете да ги менувате во зависност од вашето расположение. Природните материјали и дозволуваат на кожата да “дише”. Носењето на турбани ќе ви овозможи да го креирате самите вашиот стил едноставно со додавање на марама, брош или цвет на самиот турбан. За почеток, посетете некоја од специјализираните продавници за пост мастектомија и уживајте во изборот.
  3. На кожата и е потребна посебна нега за да се справи со ефектите од хемотерапијата и зрачната терапија. Како прво, пијте многу вода за да ја ре хидрирате кожата. Негувајте се со нежен сапун и кремаст лосион за чистење и нанесувајте хидрантен крем секое утро и секоја вечер. Кога сте на сонце секогаш нанесувајте крема со фактор 15 или повеќе или користете производи кои веќе содржат заштита од сонце. Избегнувајте производи што содржат алкохол или Ретин – А.Acacia_1
  4. Ставајте црвенило на образите за да добиете здрав изглед. Доколку имате отоци на лицето, ставете малку потемна пудра. Испиеното лице може да се освежи со посветли тонови на течна пудра.
  5. Проучете ги вашите веѓи пред почетокот на третманот. Потоа, доколку е потребно, креирајте веѓи со помош на сенка за очи или моливче. Изберете боја која што одговара на вашата коса. Веѓите исцртајте ги така што ќе бидат пополни во внатрешниот агол и ќе се стеснуваат кон краевите.
  6. Карминот помага за перфектен баланс на лицето. Користете го секојдневно.
  7. Долната облека е многу значајна за чувството на секоја жена. Изберете модели кои прилегаат на вашиот стил и сензибилитет.
  8. Негувајте ги вашите нокти. Наместо да користите акрилни или силиконски нокти, налакирајте ги вашите природни нокти со нежни тонови. Секогаш користете маслени препарати за одстранување на лакот за да ги заштите ноктите од сушење.

Anemone1