Вчера во Порта Македонија во 18.00 часот се одржа 8та Национална Конференција за рак на дојка, организирана од страна на здружението Борка-за секој нов ден.

На конференцијата свои предавања имаа девет еминентни гости кои зборуваа за ракот и методи за негово излекување.

Збор имаа Никола Тодоров, Министер за здравство, Влада на Р.Македонија, Капи Полк Бејли, сопруга на Амбасадорот на САД во Р.Македонија, Др. Сашо Стефаноски, Директор на ФЗОМ, др. Катерина Кубелка- Сабит, спец.патолог од Клиничка болница „Аџибадем Систина“, проф.др.Андреја Арсовски, торакален Хирург, Прва приватна општа болница РЕ-Медика, др.Светлана Темелковска, Спец.Радиолог, Клиника за радиологија, Др.Маја Чапова Стојчевска, Спец.Радиолог, Клиничка болница „Аџибадем Систина“, м-р др. Мери Пешевска, Спец.Онколог, УКРО.

На оваа конференција на иницијатива на Здружението „Борка – за секој нов ден “ се потпиша меморандум за соработка со  невладините организации Животна Искра, Пеперутка, Хепар центар , Живот со предизвици и здружението на заболени од хорнично миелоична леукемија, организации
кои се занимаваат со борба против ракот.

Со потпишувањето на меморандумот, се најавува и создавањето на Сојуз на организации на пациенти, а  2016 година ќе биде прогласена за година на борба против ракот во Македонија,  со што невладните организации ќе иницираат  подобрување на условите и квалитетот на животот на пациентите кои се лекуваат од малигни заболувања.

 

26 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25