Пијте повеќе кафе

Нормално, безкофеинско, полукофеинско, какво и да е – добро е, велат научниците од Харвард. Тие откриле

o-COFFEE-MAN-570дека мажите кои пиеле шест или повеќе чаши на нормално или безкофеинско кафе имале за 59 проценти помалку шанси да развијат напреднат рак на простата од оние кои не користеле кафе. Потребни се повеќе истражувања за да се утврди што има во кафето што би можело да го прават корисно.

 

Дајте и на Вашата жлезда редовен тренинг (на пример, имајте многу секс)

Студија од 2004 во Списанието на Американското медицинско здружение ги анализирала податоците за 29.342 мажи и откриено е дека мажите кои имале 21 или повеќе оргазми за еден месец имале околу 30 проценти помалку шанси да развијат рак на простата од оние кои имале само 4-7 месечно. Можното објаснување не е ни важно толку! Кажете и на партнерката “наредба од докторот“.

8374445-composition-of-several-fruits-and-vegetables

Гледајте црвено, јадете црвено

По 1324-ти пат, јадете повеќе варен домат за да го намалите ризикот од рак на простата. Оваа чудна поврзаност прв пат била забележана во 1990-тите од страна на Харвардскиот истражувач Едвард Џованучи и последователните студии ја потврдија моќта на јадењето црвено. Ликопенот, пигмент во доматите е повеќе потентен откако тие ќе се зготват. Целете на повеќе од две порции неделно.
 

Вежбајте

Вежбањето го намалува ризикот од фатални форми на рак на  простата за 41 отсто. Уште повеќе, меѓу преживеаните од рак на  простата, оние кои вежбаат енергично (играњето тенис, трчање,  пливање или велосипедизам) 5 часа неделно имале 56 отсто  помал ризик од смрт од оваа болест. Повеќе активност е повеќе  заштита.

 

Дајте му приоритет на маслотоimages (2)
Рибите немаат простати – но ако имаа, ние се кладиме дека тие не би добиле рак на простата. Во студиите на лабораториски животни, омега-3 масни киселини DHA и EPA во рибиното масло инхибирале тумори. Плус, истражувачите од Харвард откриле дека мажите кои јаделе риба три пати неделно го намалиле ризикот од агресивен рак на простата за 25 проценти.

 

Фрлете ги крофните

Мажите со највисоки нивоа на транс масти во крвта имаат повеќе од двојно ризик од рак на простата отколку мажите со најниски нивоа. Транс-масни киселини го зголемуваат воспалението и инсулинската резистенција, од кои и двете може да играат улога во ракот на простата. Избегнувајте комерцијално печени крофни и колачиња, како и пакувани печива кои содржат хидрогенизирани масла.

 

Откажете се од суплементите на селен

Селен, минерал кој природно се наоѓа во Бразилските ореви, црвено месо, риба, и зрна, стана популарен како додаток во доцните 90-ти, бидејќи истражувачите веруваат дека тој би можел да помогне да се спречи ракот на простата. Но една неодамнешна студија на повеќе од 35.000 мажи објавена во списанието на Американското медицинско здружение покажала дека 200 микрограми на селен дневно не направиле ништо за да ги одбранат од болеста (и кој било друг рак). Уште полошо, користење на селен малку го зголемува ризикот од дијабетес кај некои мажи. Во крајна линија: нема потреба да се клукате со додатоци од селен, освен ако Вашиот лекар не Ви каже.Supplement

 

Тестирајте се за т.н. “лоши бубачки“

Невидлива сексуално пренослива зараза може да го зголеми ризикот за рак на простата. Во нова студија од Харвард, мажите со историја на трихомонијаза биле повеќе од два пати поверојатни да развијат напредна фаза на рак на простата отколку оние кои никогаш немале паразит. Инфекцијата може да доведе до воспаление на простатата, кое е поврзано со ризикот од рак и прогресија. Ако никогаш не сте биле тестирани, посетете го Вашиот лекар. Единечна, 2-грама доза на било тинидазол или метронидазол обично може да ја излечи инфекцијата.

 

Станете зелени“

Факт: редовно јадење брокула може да го намали ризикот од рак на простата и срцеви заболувања. Во 2008 година во една британска студија, научниците пронајдоа корист во борбата против болести со конзумирање на само 4 порции од зеленчук неделно. Веројатно е дека соединенија кои се наоѓаат во брокулата, наречени изотиоцијанати, може да активираат гени кои ги нарушуваат хемиските процеси кои можат да предизвикаат рак и воспаление. Една порција од брокули е еднаква на 1 чаша сурови или 1/2 чаша варени.

brokula2450x300