Во рамките на активностите за борба против ракот на дојка, како дел од својата „Програма за поддршка на заболените од рак“, „Борка“ со поддршка на компанијата за жени „АВОН Козметикс“ ја активираше бесплатната СОС линија за помош и поддршка на заболените од рак на дојка.

Со отворање на бесплатната линија на заболените од рак на дојка (како и на сите засегнати и заинтересирани лица) им се овозможува подобро информирање и едукација за самата болест, но ја добиваат и потребната психосоцијална поддршка неопходна за нивно целосно надминување на болеста.

СОС линијата е отворена секој работен ден од понеделник до петок од 10 – 18 часот.