Здружението започна со реализација на своите програмски активности за 2009 година со предавање на тема „Ракот и исхраната“ кое во просториите на „Борка“ го одржа специјалист нутриционист Тања Турунџиева. Од останатите активности за овој месец ги издвојуваме:

15 јануари – започнуваат групите за психосоцијална поддршка на заболените од било кој вид на карцином. Групите ќе ги координира психотерапевт Лидија Ѓокиќ (Гешталт психотерапија)

На 20 јануари со почеток од 18.30 часот во просториите на „Борка“ ќе се одржи предавање на тема: Третман и терапии во лекувањето на рак на дојка. Предавач: Специјалист онколог

На 28 јануари во просториите на „Борка“ ќе се одржи предавање од претставник на Медикус Хелп за употребата на медицински помагала наменети за заболените од различни видови рак: перика, градник протези, ракавици.

Во текот на месец јануари ќе се одржи промоција на книгата од д-р Сузан Лав „Ракот на дојка“ (Издаваштво Култура). Терминот и локацијата ќе бидат утврдени дополнително.