Формирана е алијанса за борба против ракот на дојка, која се приклучи кон светската кампања против оваа болест под мотото „си требаме една на друга“

Здружението за борба против рак – Борка и компанијата за жени AVON, се здружија во алијанса против ракот на дојка, под мотото “си требаме една на друга”. Со тоа официјално започна месецот на борба против ракот на дојка – октомври.

Под мотото „си требаме една на друга“, поборниците против ракот на дојка, на 6 октомври во Скопје маршираа во т.н. симболична прошетка, организирана од Здружението за борба против рак – Борка и компанијата за жени – AVON.

Манифестацијата чија глобална цел беше подигање на свеста на жените од сите возрасти во однос на опасноста од ракот на дојка, започна точно на пладне, на платото кај споменикот на Мајка Тереза, во Скопје. Свои обраќања пред насобраните граѓани имаа г-ѓа Биба Додева, претседател на Борка, г-н Филип Попов, национален менаџер на AVON  и Д-р Никола Васев, од Институтот за радиотерапија и онкологија – Скопје.

Манифестација беше намената за собирање на донации од граѓаните, со кои се финансираат бесплатни прегледи на дојка, како дел од кампањата на алијансата која траеше во текот на цел октомври.

Кристина Арнаудова, Маја Гроздановска-Панчева, Маја Вукичевиќ, Маја Саздановска, Роберт Билбилов, Мартина, Ева Нединковска, Игор Узунов, Силви Бенд, Наташа Мијатовиќ – одржаа хуманитарен концерт во рамките на оваа манифестација со што помогнаа да се соберат финансиски средства за бесплатните прегледи.

Со акцијата се собраа околу 100,000 денари кои ќе бидат искористени за бесплатни прегледи на дојка на жени со тешка социјална положба.

Брошура

Галерија

Видео