Истражувачите од Louisiana State University покажале дека полифенолите од зелениот чај може да имаат улога во намалувањето на нивото на материите во телото кои се поврзани со прогресија на карциномот на простатата, според наодите од една мала студија која вклучувала 26 мажи со карцином на простатата.

Ова се одлични вести за огромен број на мажи кои се борат со карцином на простатата. The National Cancer Institute проценува дека ќе има 192 280 нови случаи на карцином на простатата во САД оваа година и 27 360 смртни случаи причинети од ова заболување.

The Prostate Cancer Foundation изјавува: “Карциномот на простатата е најчестиот карцином во САД кој не потекнува од кожата, кој погодува еден од шест мажи. Колку сте постари, толку се поголеми шансите да бидете дијагностицирани со карцином на простатата. Покрај тоа што само еден од 10 000 мажи под 40 години ке биде дијагностициран, стапката се зголемува на еден од 38 мажи за возраст помеѓу 40 и 59 години и еден од 15 мажи за возраст помеѓу 60 и 69 години. Всушност, повеќе од 65% од сите карциноми на простатата се дијагностицирани кај мажи на возраст над 65 години.“

Концентриран екстракт, конзумиран дневно во просек од 34 дена, бил поврзан со намалено ниво на факторот за раст на хепатоцитите – hepatocyte growth factor (HGF), факторот на раст на васкуларниот ендотел – vascular endothelial growth factor (VEF) и простатичниот специфичен антиген –  prostate specific antigen (PSA), според резултатите од студијата на Louisiana State University (LSU).

Новата студија, публикувана онлајн во Cancer Prevention Research, ги наведува ефектите од екстрактот на зелен чај кој содржи 800 мг на EGCG (epigallocatechin-3-gallate) и помали количини на epicatechin, epigallocatechin и epicatechin-3-gallate. Вкупната доза на полифенол во чајот била 1.3 грама.

Истражувачите од Louisiana State University (LSU) ангажирале 26 мажи, на возраст помеѓу 41 и 72 години. Сите мажи имале дијагностицирано карцином на простатата и биле ставени на распоред за радикална простатектомија. Мажите конзумирале по 4 капсули дневно екстракт од зелен чај, еквивалентен на 12 чаши чај, се до денот пред оперативниот зафат. Просечниот период на суплементација бил 34.5 дена.

Наодите покажале дека значително намалување на нивото на  HGF, VEGF и PSA во серумот, после третманот, со намалување на нивото кај некои пациенти поголемо и од 30%, според научниците.

“Нашите резулатати покажуваат намалување на серумските нивоа на PSA, HGF и VEGF кај мажите со карцином на простатата после краток третман со EGCG, без покачување на хепаталните ензими“, наведуваат истражувачите.

“Има  значително добар доказ дека многу карциноми може да се превенираат, и нашите студии кои користат материи добиени од растенија ја подржуваат идејата дека растителните состојки кои ги има во здравата исхрана може да имаат улога во превенцијата на развојот и прогресијата на карциномот“, наведува лидерот на научниот тим Cardelli.