Статистичките податоци се поразителни. Тие покажуваат дека секој трет човек заболува од рак. Но науката тврди дека ракот може да се спречи со правилна исхрана. Ракот можеме да го превенираме избегнувајќи го сето она што има канцероген ефект. Канцероген ефект има пушењето, нездравата храна и прекумерното изложување на сонце. Но сето ова не гарантира дека со сигурност ќе го избегнеме ракот, туку се намалува ризикот од ова заболување. Некои научници тврдат дека честотата на ракот можела да се намали  за една третина ако се храниме поздраво. Американскиот невропсихијатар David Servan Schreiber во книгата “Против ракот-нов начин на живот тврди дека исхраната и начинот на живот може да го победат ракот”.

Кога на Dr. David Servan Schreiber му бил дијагностициран малиген тумор на мозокот,тоа му го сменило животот. Проучувајќи се што знае медицината и потпирајќи се на малите знаења за тоа како функционираат природните одбранбени механизми на човекот против ракот,се нашол на долг пат од болеста до ремисијата и конечното излекување. Тој пат траел 17 години.

Пред да почнете да ги читате специјалните намирници кои ги препорачува Dr. David Servan Schreiber треба да знаеме дека правилно избалансирана диета е многу важна. Тоа веројатно сте го прочитале безброј пати,но добро е да знаеш што но добро е да се повтори што е важно за добро здравје: да се јадат 5 порции овошје и зелечук дневно, да се јаде храна богата со растителни влакна, да се внесуваат помалку масти, особено масти од животинско потекло (црвено месо), да се намали количеството на сол и шеќер во исхраната и да се јаде разновидна храна.

Сето ова веќе го знаеме, но тоа што додава Dr. Servan-Schreiber се одредени намирници кои на телото му помагаат во борбата против ракот.

Еве кои намирници ги препорачува Dr. Servan-Schreiber:

Домат: Oвој зеленчук содржи органски соединенија терпени (терпеноиди)кои помагаат во блокирање на туморите. Други намирници со висока концентрација на терпени се билките како рузмарин,тимијан,оригано,босилок и нане. Доматот содржи и ликопен. Ликопенот е јак оксиданс од групата на каротиноиди. Човечкиот организам не може да ги синтетизира каротиноидите,па затоа тие мора да се внесат во организмот само со храна богата со ликопени. Апсорпијата на ликопените е подобра и поголема кога доматот се консумира пржен,отколку кога се консумира свеж домат. Се претпоставува дека при готвењето на доматот од него се ослободува ликопенот и на тој начин може полесно да се апсорбира.

Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на раккот на простата како и во намалување на ризикот на рак на желудникот ,на дојката и на кожата. Ликопенот може исто така да го забави и растот и ширењето на ракот на простата кај лица кои веќе се заболени од оваа малигна болест.

Мажите кои консумираат 10 домати неделно имаат 45%  помали шанси да заболат од рак на простата.

Брокула: Заедно со другите членови од својата фамилија, како што се: купусот и кељот, брокулата содржи јаки антиканцерогени молекули.

Според многу клинички студии, само 100 грама брокули дневно го намалуваат ризикот од рак. Таа содржи одредени количества витамини А, Ц и Е и е значаен антиоксиданс. Брокулата може да го забави процесот на оштетување на клетките, „нагризени“ од слободните радикали, кои доведуваат до старење и појава на разни болести, вклучувајќи ги и малигните болести. Овој зеленчук содржи речиси двапати повеќе витамин Ц од портокалот, а го зајакнува и одбранбениот механизам на организмот.

Консумирањето на 70 грама брокули дневно во тек на два месеци може да заштити од гастрит и рак на желудник, открила една студија спроведена во Јапан.

Свежите брокули содржат „сулфарофан“, природен лек за кој се смета дека го активира ензимот во телото кој се бори против слободните радикали, против хемиските агеси кои ја оштетуваат ДНК на клетката и против воспалението.

SGS (Сулфурофатен глукозинат) кој го содржи брокулата ги убива туморите, ослободувајќи ензими во телото кои ги уништуваат клетките на туморот и го спречуваат неговото ширење, односно метастазирање во далечните органи и ткива.

Брокулата како јак антиоксиданс е на врвот на топ-листата на исхраната со зеленчук, затоа што ја спречува апоптозата (процесот на умирање на клетките) во организмот. Содржи состојки што се нарекуваат сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и можат да го поттикнат самоуништувањето на раковите клетки. Така лекарите, редовното внесување брокули во организмот, го сметаат за превенција на ракот на дојката, но и на други малигни тумори.

Брокулите содржат и индоли, состојки што го забрзуваат метаболизмот на женскиот хормон естроген, кој е директно одговорен за малигните промени во структурата на клетките на дојката. Забележано е дека кај жените што внесуваат редовно брокула, а со тоа и големо количество фолна киселина, шансите да заболат од рак на грлото на матката или од рак белите дробови се помали.

Неодамнешните истражувања покажале дека брокулата особено помага во борбата против ракот на простата.

Чоколада: Се препорачува само чоколада со висок процент на какао, барем 70%. Таквата чоколада е богата со антиоксиданси и полифеноли, кои го забавуваат растот на раковите клетки.

Лук: Лукот е еден од најпопуларните лековити зеленчуци. И покрај својот јак и, за некои лица непријатен мирис, лукот уште од многу одамна се користел како здрава храна, но и како лек.

Лукот содржи околу 200 биолошки активни соединенија, а многу од нив се важни во превенцијата на многу заболувања.

Резултатите од големата клиничка студија, која испитувала околу 50 000 жени од Ајова (САД), на возраст од 55 до 65 години, покажале дека лукот е зеленчук кој, во голема мерка, штити од рак на дебело црево.  Исто така, постојат и многу истражувања кои потврдиле дека лукот помага во борбата против ракот на дојката, белите дробови, бубрегот и простатата.

Риби: Рибите како што се лососот, скушата, пастрмката, харингата, туната, крапот…) богати се со омега-3 масни кислеини, за кои е докажано дека влијаат на намалувањетго на растот на туморот. Истражувањата покажале дека јадењето на масна риба два пати неделно може да помогне да се победи ракот.

 

Агруми: Овошјето како што се лимоните, портокалите, мандарините, грејфрутот и другото слично киселкасто овошје богато со витамин Ц, богато е и со флавоноиди и терпеноиди, кои го запираат воспалението. Делуваат како инхибитори на растот на раковите клетки и имаат јако антиоксидативно дејство, кое ги штити клетките од оксидативното оштетување дури подобро од витаминот Ц.

Пиперка: Од витамини, пиперката најмногу содржи витамин Ц, кој го јакне одбрамбениот систем на организмот.  Докажано е дека во пиперката има дури 4-5 пати повеќе витамин Ц отколку во лимонот и портокалот.  Количината на витаминот Ц изнесува околу 100-250 mg во 100 g свежи пиперки, a неговата количина зависи од староста на пиперката.  Витаминот е моќен антиоксиданс.

Пиперката содржи и ликопен, најјак антиоксиданс од групата на каротиноиди, кој помага во борбата против клетките на ракот. Тој е јак инхибитор на буењето на раковите клетки. Заедно со морковот, цвеклото и кајсијата, пиперката е богата со каротиноиди кои помагаат во борбата против туморот на мозокот.