Цинкот е составен дел на двеста ензими во организмот, неопходен е при синтеза на протеините и игра важна улога во создавањето на ДНК и еритроцитите. Цинкот е од есенцијална важност за оздравувањето и правилниот раст и развој на новоформираните клетки. Овој минерал помага во процесите на дигестија и метаболизам и исто така го стимулира лачењето на инсулинот. Допринесува во одржувањето на здравјето на нервниот систем, посебно кај фетусот во развој. Цинкот го забрзува заздравувањето на раните, го намалува таложењето на холестеролот, го подобрува растот и развојот на организмот, ја подобрува интелектуалната активност и може да помогне во лечењето на многу психички проблеми, вклучувајки ја и шизофренијата. Цинкот е неопходен за нормално создавање на сите полови хормони, ја подобрува репродуктивната способност и е ефикасен при лечењето на стерилитет.

Во организмот цинкот се складира во многу мали количини, па затоа е потребно постојано дополнување со додатоци во исхрана.