Лутеин

Лутеинот е вид на антиоксиданс кој припаѓа во групата на каротеноиди. Каротеноидите се природни липосолубилни пигменти кои се наоѓаат во различни видови на алги, овошје и зеленчук.

Студиите покажуваат дека лутеинот има способност да го заштитува човековото тело од фототоксичното оштетување и од токсичните ефекти на слободните радикали, ултравиолетовото зрачење од сонцето, зрачењето од компјутерите и телевизорите, вештачкото осветлување и сл. Лутеинот е присутен во макулата на човечката ретина и во човековите микро-кристални очни леќи и игра важна улога во заштитата од старечката макуларна дегенерација и катаракта (старечко перде) и исто така штити од појавата на одредени видови на канцер. Откако ќе се внесе лутеин во организмот, тој се таложи на macula lutea (жолта дамка) и ретината, како и во леќата на окото. Поради неговиот недостиг настануваат дегенеративни промени во овие делови на окото.

Лутеинот не се синтетизира природно во организмот и затоа е потребно да се внесува преку диететски додатоци или преку храна богата со лутеин како како на пример: пченка, брокули, грав, грашок, зелка, спанаќ, марула, киви, грозје и сл.

Истражувањата што се вршени на Харвардскиот универзитет покажуваат дека употреба на дневна доза од 6 мг, го намалува оштеувањето на макулата за 40 %.

Комбинација на Лутеин и Црна Боровинка

Лутеинот е антиоксидант кој спаѓа во групата на каротеноиди и се наоѓаат во повеќе видови на алги, овошја, невен и пиперка. Нивното основно дејство е да го заштитат човечкото тело, пред се окото и очното дно од токсичните ефекти на слободните радикали кои доаѓаат од надворешна средина, зрачењето на компјутерите и телевизорите, сонцето и вештачкото осветлување.


Лутеинот не се синтетизира во организмот и затоа е потребно да се внесуваат преку храната, односно преку суплементи и други додатоци. Боровинката има активно учество во заштита од инфекциите односно многу помага во регулирањето на ноќниот вид што е потврдено со многуте испитувања кои биле правени кај англиските пилоти за време на Втората Светска Војна. Боровинката е богата со антиоксиданси од типот на биофлавоноиди таканаречени антоцијанозиди.

Карактеристики:

Највисока концентрација на лутеинот се наоѓа во макулата и ретината на окото и после нивното внесување во организмот тие се таложат во истите, го овозможуваат нормалното функционирање на овој витален орган и го штитат окото од дегенеративни промени.
Боровинката со своето антисептично и антиинфламаторно дејство била користена во лекување на рани на кожата, проблеми со дигестивниот тракт, дијареа, атеросклероза и дегенеративни промени на крвните садови и на очното дно. Присуството на витаминот Ц и Д, како и биофлавоноидите од групата танини ги потврдуваат овие дејства.
Една студија извршена во Англија покажува дека нивото на лутеинот кај луѓето коишто боледуваат од дегенеративни промени на очното дно, односно катаракта е значително намалено. Други испитувања извршени со оваа цел, кај кои што е даван овој производ во доза од 6 мг, го намалил оштетувањето на очното дно за 40% во однос на оние кои што не го користеле. Тоа е уште еден доказ дека главната функција на овој препарат е да делува заштитно на очното дно (макула).

Примена:

  • Се препорачува во превентивни цели кај дегенеративни заболувања на очното дно (катаракта);
  • Се препорачува за подобрување на ноќниот вид и ноќно слепило;
  • За третман на разни инфекции на окото и очното дно.