Екстрактот од шипка (плод од дивата ружа) има највисока доза на витамин Ц во споредба со било кое друго овошје или зеленчук. Една шолја полна со плод на шипка количински содржи витамин Ц исто колку што има во 40 портокали. Шипката исто така содржи и витамин А, Б1, Б3, К, Е, пектин, танин, бета-каротен, ликопен, лутеин и биофлавоноиди. Пулпата и кората на шипката содржат биофлавоноиди кои што имаат синергистичко дејство со витамин Ц со што се подобрува нејзината апсорпција во организмот. Витаминот Ц (познат како аскорбинска киселина) човечкото тело не може да го синтетизира, па затоа мора да се внесува со правилна исхрана или со диететски додатоци.

Модерниот начин на живеење, загадувањето на животната средина, влијанието од компјутерите и електричните апарати, чадот од цигарите итн. се фактори кои што ја зголемуваат потребата од внесување на витамин Ц, така што овој додаток во исхраната е неопходен дури и за најздравите луѓе.

Медицинска примена:

– Го зајакнува имунолошкиот систем и се бори против сите инфекции, настинки, грип и вируси;

– Помага во борба против стресот и хроничниот умор;

– Одличен тоник за исцрпеност кој се користи и кај рековалесцентните болни;

– Моќен антиоксидант кој се бори против слободните радикали и го забавува стареењето;

– Има антитоксичен ефект- го чисти и детоксифицира телото од надворешните штетни супстанци;

– Најновите истражувања покажуваат дека пушачите уништуваат 25-100 мг на витамин Ц во организмот со секоја цигара- шипката има способност да го надополни изгубениот витамин Ц кој што се уни-штува со чадот од цигарите и исто така помага да се намали зависноста од никотинот;

– Помага во намалувањето на нивото на холестеролот во крвтаи го зајакнува кардиоваскуларниот систем;

– Демонстрира антиалергенско дејство- го зајакнува имунитетот на респираторно ниво и помага во превенција на алергиите;

– Шипката има и антивоспалително, диуретичко и лаксативно дејство;

– Ја зголемува физичката кондиција и општата добросостојба на организмот.

Според Линус Паулинг, добитник на Нобелова Награда, консумирањето на шипка во високи дози може да го превенира и да се бори против канцерот.

Chasteberry дрвото (Vitex agnus-castus) му припаѓа на семејството Verbenaceae познато како вид дива лаванда (популарно наречена витекс). Растението води потекло од тропските предели по долините на реките во Јужна Европа и Медитеранот, а како украсно растение се одгледува во САД.
Старите Грци и Римјани ги користеле листовите и плодовите од ова растение во лекувањето на проблемите со дигестивниот тракт, за третман на рани на кожата и за подобрување на женското здравје.

Карактеристики:

Витексот содржи антиоксиданси од типот на флавоноиди, алкалоиди, дитерпеноиди, витексин, кастицин како и етерични масла (цинеол, лимонен и др.), кои ги стабилизираат проблемите со женските хормони, помагаат при ПМС и одржување на сексуалното здравје. Овие компоненти поволно делуваат при пореметување на менструалниот циклус и менопаузата и кај различни гинеколошки заболувања како што се: синдром на полицистични јајници (ги ублажуваат симптомите), циклична масталгија, хиперпролактинемија (зголемено ниво на пролактин во крвта) и сл.

Витексот го зголемува нивото на прогестеронот и ја стимулира хипофизата во создавањето на хормони и формирање на фоликули; поволно делува при кожните промени за време на пубертетот како што се акни и дисебореа; ја зголемува лактацијата и се препорачува да се зема во првите 10 дена по породувањето. Ако се зема пред спиење може да го подобри спиењето (го стимулира создавањето на мелатонин).

Примена:

  • При третман на предменструален синдром (препорачливо е да се комбинира со витамин Б6);
  • За регулирање на менструалниот циклус (аменореја и дисменореја);
  • Се препорачува за време на менопаузата;
  • За подобрување на овулацијата (стимулирање на фоликулите);
  • За подобрување на либидото и зголемување на сексуалната енергија.
  • Кај заболувања на кожа, коса и нокти;
  • Кај невролошки заболувања како Алцхајмерова болест и аутизам,
  • При разни инфекции и малигни заболувања и др.