Селен

Селенот е витален минерал во трагови кој што има антиоксидантни својства. Toj e од клучна важност за создавањето на белите крвни клетки со што значително ја зајакнува функцијата на имуниот систем и притоа му овозможува на овој минерал ефикасно да се бори против болестите и инфекциите.

Селенот исто така го детоксифицира телото од хронично изложување на радијација, хемотерапија и токсични материи. Истражувачите веруваат дека селенот е еден од најважните елементи за превенција од болести- неговите антиоксидантни својства ги заштитуваат клетките од негативното дејство на слободните радикали и го намалуваат растот на туморозните ткива. Селенот исто така е од витална важност за регулирањето на функцијата на тироидната жлезда.

Највисока концентрација на селен во човечкото тело е присутна во црниот дроб, бубрезите, панкреасот и тестисите кај мажите.

Селенот е присутен во многу видови на храна како што се: морски школки, јастог, туна, остриги, говедско, мисиркино и пилешко месо, ориз, лук, пченка, зрна од соја, семки од сончоглед и бразилски ореви кои се најбогатиот извор на селен и се препорачуваат само во мали количини.

Додавање на соодветна количина на селен во вашата исхрана го подобрува и одржува здравјето на целиот организам.

Најважните медицински примени и позитивни ефекти на селенот се:

– Овој минерал помага во намалувањето на ризикот од појавата на разни видови на канцер, посебно канцер на простатата, белите дробови, цревата и канцер на градата;

– Висока доза на селен се препорачува за третманот на веќе дијагностициран канцер бидејки го намалува неговото ширење и метастазирање. Понатамошни студии покажуваат дека користењето на селен во комбинација со други моќни антиоксиданти како витамин Ц, бета-каротен, витамин Е и Коензим Q10, заедно со употреба на есенцијални масни киселини (Омега 3-6-9), го намалува евентуалното ширење на канцер на градата и генерално стапката на морталитет кај ваквите пациенти;

– Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања (посебно ако се користи во комбинација со витамин Е);

– Го штити организмот од токсични минерали, помага во неутрализирањето на алкохолот, чадот од цигарите, оловото и кадмиумот од издувните гасови и сл.;

– Помага во сперматогенезата кај мажите и ја зголемува потенцијата;

– Се користи и за одржувањето на здрава коса и кожа (ја намалува појавата на акни);

– Го одржува здравјето на очите и видот- ги штити очите од појава на катаракта (старечко перде) и макуларна дегенерација;

– Помага во намалувањето на симптомите на лупус и може да ја намали болката и вкочанестота која се јавува како резултат на артритис бидејки има антивоспалителни дејства.

 Цинк

Цинкот е составен дел на двеста ензими во организмот, неопходен е при синтеза на протеините и игра важна улога во создавањето на ДНК и еритроцитите. Цинкот е од есенцијална важност за оздравувањето и правилниот раст и развој на новоформираните клетки. Овој минерал помага во процесите на дигестија и метаболизам и исто така го стимулира лачењето на инсулинот. Допринесува во одржувањето на здравјето на нервниот систем, посебно кај фетусот во развој. Цинкот го забрзува заздравувањето на раните, го намалува таложењето на холестеролот, го подобрува растот и развојот на организмот, ја подобрува интелектуалната активност и може да помогне во лечењето на многу психички проблеми, вклучувајки ја и шизофренијата.

Цинкот е неопходен за нормално создавање на сите полови хормони, ја подобрува репродуктивната способност и е ефикасен при лечењето на стерилитет.

Во организмот цинкот се складира во многу мали количини, па затоа е потребно постојано дополнување со додатоци во исхрана.