Авокадото е многу добар извор на растворливи и нерастворливи растителни влакна. Во 100 грама авокадо има 6,7 грама или околу 18 проценти од дневно препорачаната доза. Затоа организацијата проект за рак советува растителните влакна да се внесуваат преку авокадото за да се спречи рак на дојка.

Најновата студија која ја спровеле научниците од Универзитетот во Аризона, докажала дека авокадото го напаѓа хуманиот папилома вирус (ХПВ), кој предизвикува рак на грлото на матката. Според тоа, научниците сметаат дека, со уништувањето на ХПВ вирусот, сигурно ќе се спречи и настанувањето на голем број случаи на рак на матка. Тие изјавиле дека со секојдневно консумирање авокадо се намалува за 50% ризикот од развој на рак на грло на матка.

Д-р Мајк ван Хемелријк од универзитетот во Лондон спровел истражување врз 600 000 луѓе кои имале  висок крвен притисок и открил дека луѓето кои боледуваат од висок крвен притисок имаат 10 до 20% поголем ризик од заболување и смрт од рак отколку останатите. Притоа  ризикот е подеднаков и за мажите и за жените со таа разлика што кај мажите зголемениот крвен притисок најчесто се поврзува со ризикот од рак на устата, грлото, белите дробови, мочниот меур и бубрезите, како и со меланомот, додека кај жените со ракот на црниот дроб и грлото на матката. Д-р Мајк бан Хемелрик советува во својата исхрана да се внесе и порција со авокадо. Свежото авокадо е многу богат извор на калиум. Во 100 грама овошје има дури 485 милиграми калиумот кој е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и одржувањето на нормалниот крвен притисок, преку поништување на негативните ефекти на натриумот кој се внесува со солта. Според него авокадото е еден од најдобрите начини да го намалите крвниот притисок, затоа што содржи многу калиум.

Покрај калиум и растителни влакна авокадото содржи и

  • Мононезаситени масти како што се: олеичка киселина и палмитолеичка киселина; како и омега-6 полинезаситената масна киселина линолеичка киселина. Омега  состојката помага во намалување на триглицеридите,а мононезаситени масни киселини помагаат во намалувањето на нивото на лошиот ЛДЛ холестерол во крвта, а зголемување на корисниот ХДЛ холестерол, со што спречува појава на заболувања на срцевите артерии и мозочни удари, преку одржување на здраво ниво на липидите во крвта. Затоа авокадото е идеално овошје за кардиоваскуларниот систем.
  • Витамини од типот на липосолубилните  Е – витамин и К – витамин , а од типот на  хидросолубилните Б витамин .
  • Минерали- Авокадото е и одличен извор на минерали, како што се: железо, бакар, магнезиум и манган. Магнезиумот е есенцијален за зајакнување на коските,. Манганот во телото се користи како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас. Железото и бакарот се неопходни за создавање на црвените крвни клетки.
  • Дополнително, авокадото содржи голема концентрација на танин. Танинот е полифенолно соединение кое има корисни антивоспалителни, антиоксидантски и антиулкусни својства.
  • Месото на авокадото содржи голем број корисни флавоноидни, полифенолни антиоксиданси, како што се: криптоаксантин, лутеин, зеаксантин, бета и алфа каротини или супстанции кои спречуваат катаракта и макуларна дегенерација
  • Делува поволно за време на бременоста-  -Фолната к-на во едно авокадо е претставува 23% од дневните потреби и игра главна улога во заштитата на срцето, а кај бремените жени е многу битна бидејќи спречува плодот да добие било какви аномалии.

Заради  изобилството на материи кои помагаат во зачувување на здравјето време е да одвоите време за парче авокадо.

Во едно средно парче авокадо има:

  • Фолна киселина – рибофлавин 63 mcg
  • Ниацин – натриум  14 mg
  • Магнезиум – лутеин   58 mg
  • Калиум – 485 mg
  • Витамин А  – 293 IU
  • Витамин К  – 42.2 mcg
  • Витамин Б1 – 0.135 mg
  • Витамин Б2 –  0.261 mg
  • Ниацин (Б3) –  3.493 mg
  • Витамин Б6 – 5.17 mg
  • Витамин Ц – 20.1mg
  • Витамин Е4.16 mg
  • Бета ситостерол – бакар  0,382 mg
  • Фосфор 105 mg
  • Селен – 0,8 mcg
  • Калциум – 24 mg
  • Пантотен. к-на(Б5) – 2.729 mg
  • Манган – 0,285 mg
  • Цинк – 1,29 mg
  • Диетални влакна – глутатион
  • Железо – 1,11 мг
  • Бета каротен