Факти за ракот на дојка:

• повеќе од 240.000 жени и 1.000 мажи се дијагностицирани со рак на дојка во САД во 2010 год
• повеќе од 40.000 жени и 400 мажи умираат од оваа болест годишно
• има повеќе од 2 милиони преживеани од рак на дојка во САД
• просечно од оваа болест се дијагностицира по една личност на секои 3 минути, а една личност умира од оваа болест на секои 14 минути
• луѓе над 50 годишна возраст сочинуваат 76% од заболените со рак на дојка; 5% припаѓаат на луѓе под 40 години, а 18% на луѓе кои се во својата 4-та декада од живот
• најголем дел од случаите на рак на дојка кои се дијагностицираат денес се “хормон рецептор позитивни” и за нив постои одличен третман. Приближно 1 од 5 дијагностицирани случаи ќе биде HER2 – позитивен рак на дојка, форма на рак која има тенденција за побрз раст и поинвазивно ширење отколку другите видови на рак на дојка.

Авон е водечки глобален корпоративен подржувач на спречување за рак на дојка. Компанијата ја започна својата борба со ракот на дојката во 1992 година. Авон има собрано и донирано околу 700 милиони долари за програми кои се однесуваат на борбата со ракот на дојка ширум светот. Со парите се подржуваат истражувањата кои се однесуваат на ракот на дојка и им се овозможува на жените да добијат поквалитетна нега. Авон Маршот за Рак на Дојка и Авон Светскиот Марш за Рак на Дојка се главните начини за прибирање на средстава. Во периодот од 2003-2010 Авон Маршот во САД собра повеќе од 380 милиони долари преку посветеноста на повеќе од 142.000 учесници. Повеќе од 1 милион луѓе имаат земено учество во Светскиот Марш на Авон од започнувањето на овие интернационални Маршови во 2005 година.

Според Светската Здраствена Организација  ракот на дојка е одговорен за 502.000 смртни случаи годишно. Напорите кои Авон ги прави за оваа цел успеаа да поврзат 15 милиони жени низ целиот свет со рани програми за детекција и мамографски скрининзи. Од 1999 год. 175 милиони долари се вложени во истражувачки програми, во поново време, во оние програми кои се фокусираат на примарна превенција, етиологијата на ракот на дојка, како и развојот на тестовите за рана детекција од крв и плунка. Мотото на Авон Маршот За Рак На Дојка најдобро ја сумира посветеноста на Авон за оваа цел:  “In it to end it.” ( “Вклучи се и победи го“).

Борбата на Авон со Ракот на дојка

Борбата на Авон со ракот на дојка започна во 1992 година како мала пионерска програма во Велика Британија. Авон во Сад ја присвои програмата наредната година. Во последниве 18 години Авон има собрано и донирано повеќе од 700 милиони долари за програми кои се однесуваат на ракот на дојка низ целиот свет, подржувајќи напредни истражувања за превенција и лек на ракот на дојка, како и програми кои им овозможуваат на пациентите пристап до подобра нега.
Со овие средства се подржуваат свесноста и едукацијата: скрининг и дијагноза; пристап до третман; центри за поддршка; научно истражување. Корисници на средствата од Борбата против ракот на дојка на Авон се водечките истражувачки и клинички центри за рак до локални, непрофитни организации кои се занимаваат со здравствена едукација за превенција на ракот на дојка.

Бројни програми на Авон собираат средства и ја подигнуваат свеста за оваа цел вклучувајќи ги Авон Маршот за Рак на Дојка, Светскиот Авон Марш за Рак на Дојка како и Розева Панделка продукти кои служат за собирање на средства.

“Додека остануваме цврсто решени да пронјдеме лек за оваа болест, горди сме на нашата поддршка и огромниот прогрес во овие 18 години во полето на истражување и нега“:

• едуцирани се 105.000.000 жени ширум светот за здравјето на нивните дојки преку локално базирани програми од 1992 год.

• поврзани се 15.000.000 жени од целиот свет со програми за рана детекција и мамографски скрининг.
• обезбедени 175 милиони долари за истражувачки проекти кои се однесуваат на ракот на дојка од 1999 год, вклучувајќи ги и најскорешните 25 милиони кои беа насочени кон 41 проекти фокусирани на примарна превенција, разбирање на етиологијата и потенцијалните причинители на ракот на дојка и развивање на тестови за рана детекција од крв и плунка.
• издејствувани нови соработки помеѓу непрофитни групации, владата и индустријата од страна на Авон Фондацијата преку одржување на првиот Колаборативен Самит за Рак на Дојка.
• Љубов/Aвон Армијата на Жени го зголемува темпото на истражувањата за превенција на ракот за дојка преку регрутирање на жени – здрави жени кои никогаш не се сретнале со оваа болест како и жени кои ја имаат преживеано истата. Во текот на 2010 год. Армијата на Жени има регрутирано 340.000 жени, лансирано 35 истражувачки студии, а повеќе од 43.000 жени од Армијата на Жени се јавиле како доброволци за одредени проекти. Повеќето проекти кои користат средствата кои им ги нуди Армијата на Жени се во можност, во рок од 48 часа до една недела, доколку им е тоа потребно, да соберат доволен број на доброволци за придвижување на нивниот проект во наредна фаза на реализација.
Просечно на секои три минути во САД се дијагностицира по еден случај на рак на дојка и сеуште претставува најчесто дијагностиран канцер во светски рамки. Можете да помогнете да спасиме живот преку Ваша инволвација.

Што претставува Авон фондацијата за жени ?

Авон фондацијата за жени е формирана во САД во 1955 год. за да го подобри животот на жените и нивните семејства. Денес Авон фондацијата е јавна хуминитарна организација која ја остварува својата мисија преку две клучни иницијативи: Програмата Против Семејно Насилство и Програмата за Борба против Ракот на Дојка. Фондацијата исто така дава подршка и помош за олеснување на последиците кои се јавуваат при национални или светски катастрофи. Во текот на 2009 фондацијата собра и донира преку 725 милиони долари насекаде низ светот. Многу од иницијативите се потпомогнати од независните препродавачи од Авон преку продавање на продукти произведени од фондацијата Розева Панделка како и на Авон производи.

Најголемите извори на поддршка ги вклучуваат:
• Авон Маршот за Рак на Дојка – за да бидете дел од маршот, дел од персоналот, волонтер или да дадете финансиска подршка посетете ја веб страната www.avonwalk.org
• за директни донации од стана на поддржувачи на целите на Авон посетете ја веб страната  www.avonfoundation.org.
• за продукти од фондацијата Розева Панделка (Pink Ribbon) – јавете му се на Вашиот локален претставник на Авон или посетете ја веб страната www.avonfoundation.org.
• други настани – за дополнителни специјални настани и можности за инволвација или детали за корисниците на средствата посетете ја веб страната www.avonfoundation.org.

Авон Светски Марш за Рак на Дојка

Авон Светскиот Марш за Рак на Дојка започна во 2005 год. издигнувајќи го овој активизам на глобално ниво. Оваа низа на настани кои се одвиваа низ цел свет започна со мобилизирање на стотици и илјадници луѓе низ целиот свет, прибирајќи средства и рушејќи ги бариерите за свесност и пристап до нега, а притоа борејќи се за искоренување на оваа болест. До ден денешен преку 1 милион луѓе имаат учествувано во прибирање на повеќе од 10 милиони долари за борбата против ракот на дојка.

Настаните од Светскиот Марш на Авон за Рак на Дојка се поврзани преку Глобалната панделка на Поврзување, која е симболична емоционална компоненета која ги вклучува преживеаните од рак на дојка и сите други учесници од целиот свет. Панделката претставува моќен симбол на посветеноста и конекцијата на едни со други како и на решеноста секоја дијагноза да се претвори во приказна за излекување. Светскиот Марш на Авон за Рак на Дојка ја вклучува и Глобалната церемонија на Конекција, каде специјалната панделка на поврзување се предава од еден преживеан од рак на дојка на друг обединувајќи ги сите преживеани од целиот свет и нивната заедница.
Потребата од постојана свесност и подржување на борбата против ракот на дојка е постојана. Иако има голем напредок, ракот на дојка сеуште е најчесто дијагностицираниот канцер кај жените низ целиот свет. Според Светската Здраствена Организација ракот на дојка е одговорен за 502.000 смртни случаи годишно.

“Ракот на дојка не прави разлика помеѓу националната и етничката припадност, меѓутоа и свесноста и паричната поддршка се разликува од земја во земја” изјави Carol Kurzig, претседател на Авон Фондацијата за Жени. “Со мобилизација на луѓе од сите делови на светот помагаме во подигнување на свеста и подобар пристап до нега, преку посветување на искоренувањето на оваа болест.”

Светски Марш на Авон за Рак на Дојка : Македонија

На 17 Мај 2009 год. преку 2000 луѓе учествуваа во настанот “Напред Розово“ кој се одржа во Скопје, како дел од Светскиот Марш на Авон за Рак на Дојка. Домаќини беа Авон-Македонија, нивниот партнер НВО “Борка“ и Американската амбасада во Скопје. Маршот сочинет од 30 000 луѓе почна во градскиот парк каде учесниците имаа можност да донираат средства и да добијат розева маица која ја носеа за време на маршот. Маршот вклучуваше застанување на градскиот плоштад каде учесниците формираа розева панделка и заврши во градскиот парк со концерт на познати македонски пеачи кои ја подржаа кампањата за свесност за ракот на дојка.

“Напред розово“ маршот собра околу 8.000 долари, сума која претставува најголема донација собрана од јавен настан во Македонија. Средствата кои беа собрани ќе се искористат за подобрување на состојбата на онколошкиот центар, каде најголем дел од пациентите со рак на дојка го добиваат нивниот третман.

Авон – Македонија отпочна со својата иницијатива за рак на дојка во 2005, а во Светскиот Марш на Авон за Рак на Дојка учествува од 2007 год. преку организација на разни настани. Во 2008 Авон беше домаќин на првата Национална конференција за борба против ракот на дојка во Македонија која се одржа на 1 Октомври во Скопје, со надеж за зголемување на соработката помеѓу организациите во борбата против ракот на дојка. Авон, Американската амбасада, заменик министерот за здравство на РМ, представници од  НВО и водечки експерти во областа на ракот на дојка зборуваа за проекти со кои може да се помогне на жените од сите економски слоеви да се здобијат со едукација и соодветна нега. Конференцијата беше добро прифатена и прикажувана од страна на локалните телевизиски станици кои ја нагласија важноста од заедничката соработка.