Многу родители се прашуваат дали да тргнат на летување со бебе или да остнат дома. Педијатрите сметаат дека бебе од неколку месеци е подготвено за одмор на море.

Производството на меланин кај бебе се уште не е воспоставена, па намалена е заштитата од УВ зрачењето, затоа на море посебно треба да се внимава на негата и заштитата на детската кожа.

624-400-bebe-plazh-more

Без директно изложување

Прво и најважно е да се одбегнува директно изложување на сонце, а треба да се внимава и на рефлексното зрачење. Ниту на сенка бебето не е заштитено, затоа што сончевите зраци се рефлектираат од песокот, водата, бетонот. Затоа многу е важно во периодот од 11 до 16 часот бебето да биде на ладно место или во соба.

На два месеци во базен

Бебе помало од два месеца ризично е да се капи во море бидејќи водата не е доволно топла. Базените со солена или слатка вода се подобра опција, затоа што водата во нив добро се загрева.

Колку долго во вода

Колку бебето смее да остане во вода? Важно е да се набљудува детската реакција. Ако бебето почне да се тресе и усните станат сиви, треба да се извади од вода. Многу бебиња уживаат во капењето во море, но сепак тоа не треба да биде подолго од десет минути, а потоа да да се истушира. И по капењето во базен, исто така, треба туширање поради хлор, кој може да ја оштети чувствителната кожа на бебето.

timthumb.phpПрва средба со морето

Првпат на море детето можеби ќе се уплаши до вревата и брановите, па ќе одбива да влезе во вода. Затоа родителот треба постепено да го навикнува на морето.