Здружението за борба против рак – „БОРКА – за секој нов ден“ е една од 15-те невладини организации кои добија поддршка од Civica Mobilitas програмата во вториот повик за институционални грантови.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.

Во рамки на институционалниот грант, „БОРКА – за секој нов ден“ предвидува низа на активности и тоа:
• Зајакнување и развивање на капацитетите на организацијата и организациски развој
• Развивање на капацитетите на ГО и ПОи и лобирање во здравствениот сектор и тоа:
• Зголеменото учество на конституентите и поддржувачите во стратешкиот развој на БОРКА за подобрување на квалитет на услуги на здравствениот систем кон пациентите.
• Унапредување на квалитетот на соработката со домашни и странски партнерски организации за подобрување на квалитетот на услугите за пациентите во здравствениот систем на РСМ
• Изработка и воведување механизам за подобро следење, известување и застапување за спроведување на Законот за заштита на правата на пациентите и другата законска регулатива која се однесува на квалитет на услуги за пациентите во здравствениот систем Република Северна Македонија.

Здружението БОРКА веке 13та година делува како здружение на национално ниво во Република Северна Македонија, но и на меѓународно ниво како член на голем број Асоцијации и сојузи.

Нашата мисија е градење на инклузивност во насока на создавање на ефективна и успешна соработка меѓу членовите/претставници од различните организации, унапредување на нивната комуникација и градење на капацитети. Со ваквите соработки, се прави голем исчекор во здравствените политики на нашата
држава.

Заедничките делувања и интегрираниот пристап со цел сите страни да споделуваат партнерски однос кој ќе биде меѓусебно зависен но истовремено отворен, транспарентен и рамноправен, ги унапредуваат активностите кои се преземаат за подобрување на квалитетот за живот на пациентите и прават реални општествени промени во здравствениот систем во нашата земја.