Здружението Борка – за секој нов ден присуствуваше на Вториот конгрес на Македонското Хематолошко Здружение кој се оддржа неделава од 18-20 Април во Хотел Мериот во Скопје.

Конгресот беше со интернационално учество каде врвни експерти и гости од 25 држави дискутираа и ги прикажаа научните докази како и  предизвиците со кои се соочуваат докторите и пациентите со хематолошки малигни заболувања, клиничките студии и новите тераписки можности. 

Осебно значајно за пациентите е што на настанот од страна на фармацетската компанија „Рош“ беше промовирана нова иновативна терапија за хематолошките малигни болести која овозможува двојно подолго преживување без прогресија на болеста достапна за пациентите во Македонија.  

Новиот таргетиран лек, GAZYVA® (obitunuzumab) за лекување на хроничната лимфоцитна леукемија и релапс/рефракторен не-Хоџкинов лимфом е одобрен од Американската администрација за храна и лекови, Европската агенција за лекови, а од октомври 2015 и април 2017 за фоликуларниот лимфом  е одобрен и во Р. Македонија.  

Според резултатите од научата студија на Универзитетската клиника за хематологија , Фармацевтскиот Факултет и ИСПОР Македонија лекот GAZYVA® (obitunuzumab) овозможува двојно подолго преживување без прогресија на болеста (29,2 месеци наспроти 15,4 месеци од досегашната терапија со rituximab), брза и долготрајна ремисија, а фармакоекономските испитувања покажуваат целосна оправданост, не претставувајќи дополнителен здравствен трошок и треба да биде достапен за пациентите во Македонија. 

Во државата според достапните податоци секоја година се регистрираат 60тина нови случаи на хронична лимфоцитна леукемија и бројот на новозаболени е во постојан пораст последните 5 години – објаснува директорката на ЈЗУ Универзитетската клиника за хематологија во Скопје Проф. Д-р Лидија Чевреска. 

Борка – за секој нов ден продолжува со своите активности за воведување на позитивна листа на новите лекови за хематолошките малигнитети со цел и пациентите во Р. Македонија да имаат еднаков пристап до современа терапија според светските и европски препораки и протоколи.