За да го одбележи октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, шпанскиот бренд за долна облека women’secret ќе спроведе акција под мотото “women’secret и вие во борба против ракот на дојка”.

fb_

Во рамките на оваа акција со купување на било кој производ од брендот од 15 октомври до 15 ноември 2013 година, купувачите ќе донираат средства за организацијата за борба против рак БОРКА. Исто така, во продавницата на women’secret во Скопје Сити Мол ќе биде поставена и кутија за донации.

Собраните средства од акцијата ќе бидат наменти за купување на помагала кои им се потребни на жените заболени од оваа болест како што се специјални медицински градници, перики и сл.

Како дополнителен чекор во месецот посветен на борбата против ракот на дојка, women’secret ја лансира и првата колекција на градници за жени кои поради болеста имале оперативен зафат на градите, за да продолжат да се чувствуваат женствени и од внатре и од надвор.

women-secret-vo-borba-protiv-rakot-na-dojka-03