Потекло

Брокулата е од родот Брасика, во кој спаѓаат и зелка, карфиол, кељ, жолто цвекло, репки. Постои најмалку 2000 години, потекнува од Италија а била омилена храна на Римјаните.

Состав

Брокулата е богата со корисни хранливи материи и има многу ниска калориска вредност. 100 грама брокула содржат само 28 калории, 3 грама протеини.

 Од дневните препорачани дози содржи

  • 67% витамин С,
  • 20% витамин А и
  • Дури 110% витамин К.
  • Материи со моќни анти-канцер својства како глукорафин, материја која може да се обработи во антиканцер соединение.
  • Мало количество селен, тиамин, рибофлавин, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, диететски влакна, фолати и манган.
  • Материјата диндолилметан е моќен модулатор на природниот имунолошки систем одговорен за антивирусните, антибактериските и антиканцерозните својства.
  • Индол-3-карбинол, состојка која поправа ДНК во клетките и го спречува растењето на канцер клетки.
  • Големо количество каротеноиди, лутеин и бета-каротен.

Во 1992 година истражувач од Џон Хопкинс  универзитетот од Америка го објавил своето откритие дека состојките во брокулата не само што го спречуваат развојот на канцер во 60% од истражуваните групи, туку и ја намалува големината на канцерот кој бил развиен и до 75%. Придонесува и за:

  • Зајакнување на имунолошкиот систем
  • Ја намалува зачестеноста на појавување на катаракта
  • Го поткрепува кардиоваскуларното здравје
  • Учествува во градењето на коските и
  • Се бори против проблеми во бременоста и породувањето.
  • Го намалува ризикот од агресивен рак на простата

Брокулата е познат вид на исхрана за слабеење. За да ги потрошите калориите од порција брокули потребни се само 5 минути пешачење или 2 минути брзо трчање.

Како да се внесува?

Најдобро е зелениот лиснат зеленчук да се консумира сиров или приготвен на пареа. Брокулата во текот на процесот на варење во дигестивниот тракт се разградува прво доглукорафин,а потоа од него се добива сулфорафан.Сулфорафанот е активна форма и одговорна за заштита на клетките од карцином.Бидејќи глукорафинот е растворлив во вода, од варената брокула се добива помала количина глукорафанин кој се претвара во сулфорафан во дигестивниот тракт, додека при консумирање на сирова брокула, ова се случува уште во текот на процесот на џвакањето. Од друга страна со варењето се намалува количината на хранливите материи кои ги содржи.

Колку пати неделно да се консумира?

Брокулата е корисно да се консумира што почесто, а најмалку два пати неделно. Но не треба да се претерува со конзумирањето, бидејќи сулфатот кој го содржи може да предизвика чувство на мачнина и надуеност на стомакот.

Како да се чува  брокула?
Брокулата се чува неизмиена во отворена пластична ќеса во фрижидер. Тоа ќе ја избегне влагата и ќе спречи создавање на мувла. Може да се чува до пет дена.
Брокулата може да се подвари и замрзната да се чува во фрижидер до една година. Брокулата е многу осетлива на етилен, гас кој го создаваат некои овошја и зеленчук. Гасот го забрзува процесот на стареење на брокулата, затоа брокулата не треба да се чува блиску до јаболка, банани, моркови, кајсии, диња, киви, манго, праски, круши и домати.