Chasteberry дрвото (Vitex agnus-castus) му припаѓа на семејството Verbenaceae познато како вид дива лаванда (популарно наречена витекс). Растението води потекло од тропските предели по долините на реките во Јужна Европа и Медитеранот, а како украсно растение се одгледува во САД.
Старите Грци и Римјани ги користеле листовите и плодовите од ова растение во лекувањето на проблемите со дигестивниот тракт, за третман на рани на кожата и за подобрување на женското здравје.Vitex agnus castus flowers

Карактеристики:
Витексот содржи антиоксиданси од типот на флавоноиди, алкалоиди, дитерпеноиди, витексин, кастицин како и етерични масла (цинеол, лимонен и др.), кои ги стабилизираат проблемите со женските хормони, помагаат при ПМС и одржување на сексуалното здравје. Овие компоненти поволно делуваат при пореметување на менструалниот циклус и менопаузата и кај различни гинеколошки заболувања како што се: синдром на полицистични јајници (ги ублажуваат симптомите), циклична масталгија, хиперпролактинемија (зголемено ниво на пролактин во крвта) и сл.
Витексот го зголемува нивото на прогестеронот и ја стимулира хипофизата во создавањето на хормони и формирање на фоликули; поволно делува при кожните промени за време на пубертетот како што се акни и дисебореа; ја зголемува лактацијата и се препорачува да се зема во првите 10 дена по породувањето. Ако се зема пред спиење може да го подобри спиењето (го стимулира создавањето на мелатонин).vitex_agnus_castus

Примена:
– При третман на предменструален синдром (препорачливо е да се комбинира со витамин Б6);
– За регулирање на менструалниот циклус (аменореја и дисменореја);
– Се препорачува за време на менопаузата;
– За подобрување на овулацијата (стимулирање на фоликулите);
– За подобрување на либидото и зголемување на сексуалната енергија.
– Кај заболувања на кожа, коса и нокти;
– Кај невролошки заболувања како Алцхајмерова болест и аутизам,
– При разни инфекции и малигни заболувања и др.