HE_cinnamon_s4x3_lead

Циметот е еден од најстарите зачини во светот кој се добива со мелење на кафеавата кора од циметовото дрво (Cinnamonum verum).

Тој е споменат во Стариот Завет на Библијата и се користел во Стариот Египет не само како зачин во пијалоци и како лек, туку и како една од состојките кои се користеле за балсамирање. Во ова време циметот бил многу високо ценет и се сметал за поскапоцен дури и од златото.

Екстрактот од цимет има многу поволни дејства врз човековото здравје: го балансира нивото на шеќер во крвта, го превенира згрутчувањето на крвта, има антивоспалителни, антимикробни и антигабични својства и ја подобрува мозочната функција.

Исцелителските способности на циметот потекнуваат од есенцијалните масла кои се наоѓаат во неговата кора: цинамалдехид, цинамил ацетат, цинамил алцохол и др.

Циметот е од голема помош за луѓе кои имаат дијабетес тип 2- студиите покажуваат дека состојките кои ги содржи циметот ги стимулираат инсулинските рецептори и го инхибираат ензимот кој што го инактивира инсулинот.Тој исто така го намалува LDL холестеролот и триглицеридите во крвта и превенира од дијабетични компликации и кардиоваскуларни болести кај лицата со дијабетес тип 2.

Покрај уникатните есенцијални масла, циметот содржи и минерали во трагови како манган и е многу добар извор на растителни влакна, железо и калциум. Овие состојки го намалуваат ризикот од артериосклероза и ја регулираат столицата во случаеви на дијареа или опстипација.

Употреба:

– Го намалува нивото на шеќерот во крвта кај лица со дијабетес тип 2;

– Го одржува метаболичкиот баланс меѓу гликозата и инсулинот во крвта;

– За превенција од кардиоваскуларни заболувања;

– При третман на хиперхолестеринемија;

– За регулација на правилната функција на дигестивниот тракт;

– Покажува антивоспалителни, антимикробни и антигабични својства.

images