Драги наши пријатели,

Среќни сме да ве информираме дека  од денес во дванаесет земји започна имплементација, промоција и дистрибуција на првото регионално истражување во вид на анкетен прашалник наменет за онколошките пациенти, со наслов “Прашалник за резултатите од лекувањето и грижа при лекување на ракот.

Целта на ова истражување  е да се добие увид во исходот од онколошкото лекување и грижа во земјите од Централна и Источна Европа.

Идејата за отпочнување на овој прашалник е создадена на средбата која се одржа во Опатија, во јуни 2018 година, под името “Јoint Action of Cancer Patient Organizations in CEE Countries (JACPO)” – Заедничката акција на пациентски организации од Централна  и Источна Европа, кои се борат против ракот. Главни теми на состанокот беа подигнување на свеста за ракот во општеството, можностите за лекување, достапните услуги, негата на пациентите, достапностан на третманите и исходот од лекувањето и грижата на пациентите со рак во центарите каде се лекуваат пацинетите со малигни заболувања.

Прашалникот е преведен на тринаесет јазици и од денес може да се користи во Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Хрватска, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка и Словенија.

Линк од прашалникот:

survey.onkologija.hr

Можете да го споделите и објавите прашалникот на своите социјални мрежи и да ги информирате луѓето кои боледуваат, се лекуваат или се излекувале од рак за постоењето на овој анкетен прашалник и да ни помогнете да ја добиеме вистинската слика за состојбата на пациентите заболени од рак во нашата земја но и во земјите во регионот.

Собраните податоци сигурно ќе ги откријат вистинските потреби на пациентите во различни области на онколошка грижа и че ни ги дадат основните насоки на кои треба да работиме во иднина за подобрување и квалитетот на лекување на пациентите со рак.

Презентација на резултатите ќе има во текот на месец Јуни 2019год, кога ќе биде организиран “Третиот заеднички состанок на пациентските организации на земјите членки од Централна и Источна Европа”, помеѓу кои е и “БОРКА”, како претставник на Македонија.

Тимот на БОРКА