Мит 1 – Ако поседувате фактор на ризик за рак на дојка значи дека ќе развиете болест.

Не постои ризик фактор кој сам или во комбинација со други значи дека дефинитивно ќе добиете рак на дојка. Постојат различни фактори кои можат да го зголемат ризикот за развој на болеста. Некои од овие појави го зголемуваат ризикот само малку. Тие вклучуваат пушење, пиење (повеќе од 5 алкохолни пијалоци неделно од година во година), добивање на прва менструација пред возраст од 12, имање циклуси после 55 години и немање прва целосна бременост до 30 години. Ако имате голем број од нив, зголемувањето на ризикот може да е позначајно.

Значи, дури и да имате наследени генетски абнормалности во вашето семејство не мора да значи дека ќе добиете рак на дојка. Абнормалности во т.н. гени на рак на дојка BRCA1 и BRCA2 се многу силни индикатори за ризик. Но 20-60 отсто од жените со овие наследени абнормалности нема да развијат рак на дојка.

Мит 2 – Ако не постои рак на дојка во вашето семејство, тогаш вие не сте изложени на ризик за болеста.

Секоја жена носи ризик за рак на дојка. Исто и дел од мажите! За било која жена, наследна абнормалност е најсилниот фактор на ризик, но само околу 10 проценти од сите случаи на рак на дојка се должат на наследените абнормалности. Околу 85 отсто од жените кај кои ќе се развие болеста немаат фамилијарна историја. Токму затоа е важно сите жени да прават скрининзи редовно.

Мит 3 – Ракот на дојката се пренесува само од мајката, а не и од таткото.

Сега знаеме дека гените за ракот на дојката може да бидат наследени и од страна на семејството на Вашиот татко. Затоа прашајте ги роднините за евентуални случаи од двете страни и кај мажот и кај жената. Околу 2.000 случаи на машки рак на дојка се дијагностицираат во САД секоја година. Всушност, машки рак на дојка е најтесно поврзан со BRCA2 абнормалност. Значи, ако има маж во Вашето семејство кој имал рак на дојка, не заборавајте да му кажете на вашиот лекар.

Мит 4 – Без разлика какви фактори на ризик поседувате, не мора да се грижите за добивање рак на дојка се додека не сте во менопауза.

Шансите за добивање на болеста се зголемуваат како што стареете. Но ракот на дојката може да се случи на било која возраст. Тоа е причина зошто сите жени треба да бидат внимателни. Иако експертите препорачуваат годишни мамограми со почеток на 40 годишна возраст, Вашиот доктор може да предложи да почнете дури и порано ако имате семејна историја на рак на дојка во рана возраст.
Мамографијата не е идеален скрининг тест за жени помлади од 40 бидејќи не може да се “гледа низ” нивното густо ткиво на градите. Значи Вашиот лекар, исто така, може да препорача ултразвук или магнетна резонанца (МРИ).

Мит 5 – Носење на градник или користење антиперспиранти или дезодоранси го зголемуваат ризикот од рак на дојка.

Тоа се две гласини кои никогаш нема да престанат. Не е вистина дека носењето градник, ги врзува токсините преку ограничување на протокот на лимфа и крв во Вашите гради, а со тоа го зголемува ризикот. Исто така нема доказ за тврдењата дека антиперспирантите и дезодорансите предизвикуваат рак со спречување на телото преку потење да ги исфрла супстанците кои предизвикува рак и со тоа се насобираат истите во градите, или поради тоа што содржат штетни хемикалии кои се апсорбираат преку кожата.

Мит 6 – Ако имате мали гради, имате многу мала веројатност да добиете рак на дојка.

Големината не е важна. Секој со гради може да добие рак на истите.

Мит 7 – Истражувањата покажуваат дека користењето хормонска терапија (ХТ) дури и за краток временски период, предизвикува рак на дојка.

Многу жени беа разбирливо загрижени кога една голема студија откри дека ХТ која комбинира естроген и прогестин малку го зголеми ризикот од инвазивен канцер на дојка. Друга студија исто така покажа дека комбинирана терапија умерено го зголемува ризикот за рак на дојка, сепак, беше во можност да понуди некои уверувања: овој ризик се врати на нормала една година подоцна или слично одкако жените престанале со користење на терапијата. Ова се чини дека важи за жените кои биле на ХТ само неколку месеци и оние кои го користеле повеќе од 5 години.
И уште нешто: важно е да се напомене дека нема истражувања кои покажале зголемување на ризикот на рак на дојка за жените на терапија само со естроген. Овој вид на терапија е препишан само за жени кои имале хистеректомија (одстранување на матката), бидејќи естроген користен самостојно може да предизвикаат рак на слузницата на матката (ендометријален рак).

Мит 8 – Голем број на истражувања покажаа дека жените кои живеат во земји каде што исхраната има тенденција да биде посиромашна со масти имаат помал ризик од добивање рак на дојка.

Но, мнозинството на студии кои се фокусира на жените во САД не најдоа солидна врска меѓу потрошувачка на масти со исхраната и ризик за рак на дојката. Зошто се овие наоди контрадикторни? Тоа може да биде идејќи жените во другите земји се со помал ризик поради други причини: тие вежбаат повеќе, јадат помалку, тежат помалку, пушат помалку, имаат различни генетски профили или интеракција со животната средина која ги прави помалку подложни. Едно нешто што го знаеме: постменопаузалната дебелината е фактор на ризик кој ќе Ве стави на ризик за рак на дојката и други видови на рак, така што внимавајте на одржувањето на здрава тежина.
Како и за млечните производи, резултатите од студиите се различни. Но Harvard’s Nurses’ Health Study, студија од големи размери, на 120.000 жени, неодамна откри дека пременопаузалните жени кои јаделе многу млечни производи, особено нискомасни или безмасти, имале помал ризик од рак на дојка. Студијата не ја пронашла врската помеѓу потрошувачката на млечните производи и ризикот од рак на дојка кај жените кои се во пост менопауза.

Мит 9 – Мамограмите можат да го спречат ракот на дојката.

Харис анкетата од 2003 година на повеќе од 500 жени покажа дека околу 30 отсто мислат дека мамограмите можат да го спречат ракот на дојката. Вистината е: иако мамограмите може да го откријат ракот на дојката, тие не можат да го спречат истиот.

Мит 10 – Некои студии покажуваат дека мамограмите се всушност безвредни.

Две студии, вклучувајќи ја и контролната студија направена од страна на дански научници, укажуваат на тоа дека редовни мамограми не го намалуваат ризикот од смрт од рак на дојка. Но, неколку други студии, вклучувајќи и една направена од страна на US preventive Services Task Force целосно се спротивставуваат. Можете да ја зголемите користа од скрининг мамографијата со посета на најдобрите центри и персонал во Вашата област. Барајте го радиолошкиот центар кој се справува со повеќето случаи на рак на дојка во регионот. Одете кај радиологот кој специјализира во читање на мамограми, и прашајте го, “Колку мамограми читате секоја година?” Колку повеќе, толку подобро. Една студија во Journal of the National Cancer Institute покажа дека радиолозите кои читаат повеќе од 300 мамограми месечно биле попрецизни.