Здружението за борба против рак “Борка за секој нов ден” изразува благодарност на Групацијата Санте Плус Груп за доделени три бесплатни ПЕТ Скена на пациентики, членки на Здружението БОРКА. Со потпишување на меморандум за соработка на VI тата Национална Конференција за ракот на дојката, г-дин Др. спец. Бехџет Кара, Сопственик на Групацијата Санте Плус Груп и Претседателката на Здружението “Борка – за секој нов ден”, г-ѓа Биба Додева официјално ја започнаа заедничката соработка. 

Се надеваме дека ваквите соработки за помош и поддршка на нашите активности и директна помош на нашите членови ќе продолжи и понатаму.

За сите дополнителни информации за Групацијата Санте Плус Груп, посетете ја веб страната www.santeoncology.com

dietary-measures-for-cancer-patient-300x202