images (1)

Секогаш е добра идејата да се храните здраво. Здравата исхрана е делумно важна во текот и после лекувањето на карцином на дојка. Спроведувањето на здрава, балансирана исхрана може да помогне во редуцирање на вашиот хроничен умор, ќе ви го зголеми нивото на енергија и ќе ви помогне во намалувањето на тежината која можеби сте ја добиле во текот на лекувањетo. Доколку се здобиете со навиките за здрава исхрана може да го заштитите вашето тело во иднина и од појава на други болести како диабетес, срцеви заболувања.

Запомнете: Не постои научно докажана или одобрена храна која може да го излечи карциномот или пак да спречи негова појава. Сепак, постои храна која го подобрува вашето здравје и храна која треба да ја избегнувате или исфрлите од вашата диета.

Лесно е да се храниш здраво. Се што треба да знаеш е која храна да ја јадеш повеќе, а која да ја избегнуваш. Оваа листа ќе ве насочи правилно.

Додадете во вашата исхрана

Овошје и зеленчук

Ако сакате да воведете една едноставна промена во вашата исхрана, тоа треба да биде следното: Јадете повеќе зеленчук и овошје. Некои експерти препорачуваат на пациентите со карцином  до 10 пати дневно оброци со зеленчук или овошје. Зошто?

·         Богати се со витамини и други нутритивнои вредности, а имаат низок процент на масти

·         Вашиот организам полесно ги апсорбира хранливите состојки од овошјето и зеленчукот, отколку од додатоците на исхрана или витаминските таблети

·         Содржат антиоксиданси-субстанции кои можат да помогнат во превенцијата од појава на одредени видови на карцином

·         Тие се различни и разноврсни-можете да ги јадете со оброк, како ужинка или како сокови и шејкови. Смрзнатите зеленчук и овошје се исто така хранливи како и свежите.

Вода
Уште еден едноставен начин да ја подобрите вашата исхрана е да пиете многу вода- околу 8 чаши на ден. Зошто?

·         Не дебелее

·         Превенира главоболка, фатик и гадење кои можат да бидат предизвикани од дехидратација.

·         Ако пиете доволно вода, помалку ќе пиете газирани или други пијалоци кои  ќе ви додадат празни калории ( калории без хранливи вредности) 

Храна богата со влакна ( полни зрна, житарки, грав, грашок, овошје и зеленчук)

Јадењето на храна која содржи влакна е добра идеја не затоа што тоа го лекува карциномот, туку го подобрува варењето на храната и го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања.

 images

Исфрлете од вашата исхрана

Месо
Не постои научен доказ дека вегетаријанската исхрана помага во превенција од појава на карцином или пак дека го лекува. Ова значи дека не треба да го исфрлите месото од вашата исхрана. Сепак, добра идеја е да јадете помалку, бидејќи месото содржи многу заситени масто и може да го зголеми ризикот од појава на срцеви заболувања. Јадете повеќе пилешко месо и риба, а помалку свинско и говедско месо.

 

Заситени масти ( ги има во сите полномасни млечни производи, масла и месо)


Јадењето помалку заситени масти нема да превенира повторна појава на карцином ( не постои доказ дека спречува), но може да го намали ризикот од појава на срцеви заболувања. Во текот на лечењето на карциномот, можно е да имате потреба повеќе да јадете полномасни млечни производи за да го зголемите внесот на калории, но после завршувањето на третманот вратете се на исхрана со помалку масти.

 

Алкохол
Нема докажани бенефиции од употреба на алкохол кај пациентите со карцином, а има некои докази дека тоа може да го зголеми ризикот за карцином на дојка. Обидете се да пиете што е можно помалку алкохол.

 

Рафиниран шеќер ( бел или кафен)
Рафинираниот шеќер се додава во речиси секоја обработена храна. Не е докажано дека има ефект на карциномот, но нема речиси никаква нутритивна вредност и може да направи да се чувствувате уморни предизвикувајќи брзи промени во нивото на вашиот шеќер во крвта. Ако внесувате многу шеќер ќе имате помалку потреба за здрава храна, затоа обидете се да намалите неговата употреба во вашата исхрана.

 

Референци и извори

• Голем дел од информациите за овој напис беа пронајдени во “Исхрана за време и по третман на тумори: Водич за информиран избор за преживеаните од крацином“, како што е прикажано на веб-сајтот на Американското  здружение за рак

• Друг одличен извор на информации за диета и исхрана е веб страната на Мајо Клиниката, поточно делот со совети за здрав живот.