Во рамките на Кампањата за подигање на свеста за ракот на дојка 2015 која Здружението ја реализира во текот на оваа година, одржани се повеќе едукативни предавања за превенција од рак на дојка во средните училишта низ Македонија за учениците од завршните класови.

Во Велес предавања за превентивните методи за рак на дојка се одржани во: ССОУ Коле Неделковски, ОСУ Јовче Тесличков, ССОУ Димитрија Чуповски, Гимназија Кочo Рацин од страна на г-ѓа Даниела Травник, програмски координатор во Подружницата во Велес.

Во Струмица предавања за превентивните методи за рак на дојка се одржани во СОУ Никола Карев, СОУ Јане Сандански од страна г-ѓа Костадинка Филчева, програмски координатор во Подружницата во Струмица.

Во текот на наредните месеци ќе се одржат едукативни предавања за рак на дојка и во Кочани, Кавадарци и Виница.

[Not a valid template]