Fatigue – екстремна истоштеност

Фатиг е релативна непозната болест од која оболуваат многу жени. За да не има  големо влијание на квалитет на вашиот живот важно е да научите како да се носите со оваа болест. Постојат многу начини на кои можете да си помогнете самите на себе. Се препорачува бавење со физички активности, вклучувајки ги и вежбите за релаксација, барање на помош од страна на фамилијата и пријателите и секако нова организација на вашето секојдневие.

После терапијата многу жени лечени од рак на дојка страдаат од таканаречената Фатиг болест. На македонски јазик, за оваа форма на хроничен умор, не постои адекватен превод. Се опишува како константна состојба на умор, дури и веднаш по одморот. Оваа состојба допринесува да лугето кои патат од ова заболување престанат да реагираат на својата околина и не се во можност да се бават со секојдневните грижи и обврски во своите живот. Заболените опишуваат дека веке неколку минути по будењето се осекаат толку уморно, како што некогаш се осекале после цела недела полна со стрес.

Фатигот е посебена состојба во која се наогаат многу болни, додека на широката јавност и е апсолутно не позната. Тоа ја прави целата ситуација уште потешка за болните затоа што не се во можност да и објаснат на својата околина во што е суштината на проблемот, а всушност тоа е и тоа како важно. Болните мораат сами да работат на откривање на што е тоа што навистина ги мачи, затоа што многу лесно може да се помеша тоа чуство на истоштеност и умор со незаинтересираност. Партнерот, децата, пријателите и колегите единствено можат да го разберат Фатигот ако и самите они ја запознаат состојбата на целосната исцрпеност.

Во повекето случаи, лугето кои не патат од Фатиг, не го разбираат начинот на кој што оваа болест влијае врз човекот, како  и тоа дека не е возможно да се излечи со вообичаените начини за опоравување на организмот. Сонот, сам по себе, нема многу да помогне. Научниците сеуште не се сигурни што точно доведува до оваа болест, мегутоа јасно е дека појавувањето на фатигот не можеме да го ограничиме само на една причина или причинител на болест. Кога станува збор за екстремната изнемоштеност, секогаш постојат повеке причини и неопходно е сите да се обединат.

Можни причини и симтоми
• Слабиот имунитет и пореметениот метаболизам се вообичаени причинители на умор и исцрпеност на организмот.
• Исто така, болестите предизвикани од појава на тумор можат да предизвикаат умор и истоштеност, како и слабокрвноста и болестите на метаболизам.
• Хемо и радио терапиите имаат влијание на градењето на крвта во коскената срж и допринесуваат до анемија или намалување на бројот на црвените крвни зрнца. Црвените крвни зрнца го транспортираат кислородот во организмот, нивниот недостаток допринесува до намалување на телесната енергија така што и слабокрвноста често е причинител на омалаксаноста. Во сериозни случаеви кога целосната состојба на пациентот е доведена во прашање, фатигот се лечи со примање на трансфузија или примање на специјални препарати кои потикнуваат создавање на крвни зрнца во организмот.
Акутен фатиг настанува како последица од терапија за лечење на тумор во отприлика на 80% случаеви. Кај половина од случаевите оваа состојба се продолжува и неколку години по терапијата, и тогаш се нарекува хроничен Фатиг.

Самоиницијативата и движењето помагаат да се победи уморот
Причините за болеста и нејзините последици не можат да се редуцираат само на нашето тело. Уморот има влијание на севкупнота состојба на човекот. Сите оние работи кои предходно се подразбирале сами по себе сега ви преставуваат проблем. Заболените се чувствуваат беспомошни, преоптеретени и често патат од депресија.

• Со движење против уморот
Во многу истражувања е докажано дека движењето и занимавањето со физички активности во рамките на своите можности помагаат да се победи уморот. На тој начин подобро го свакате своето тело, го подобрувате здравјето и активно учествувате во животот. Спортските истражувачи на независниот универзитет во Берлин, на пацијентките оболени од рак на дојка им вклучиле вежби на точак. Резултатите зборуваат сами за себе: пацијентките имале помалку болки, се чувствувале појаки, а нивната крвна слика била подобра. Постојат и така наречени спортски програми за луге кои го победиле ракот, а физичката активност и тоа како се препорачува во понатамошниот живот по лекувањето.

Fatigue - eкстремна истоштеност

Дијагноза и препознавање на болеста
Првите научни искуства за оваа болест се појавиле во 19 век. Со цел за да се препознае уморот и стручно да се третира, воведени се посебни мерки и параметри кои ја прикажувале состојбата на срцето на болниот. Мегутоа, добиените резултати немале некакви значителни поклопување со фактичката состојба на пациентот. На тој начин, овие искуства немале никаква практична корист. Така научниците дошле до заклучок дека пацијентите сами мораат да го утврдат степенот на својот умор и за таа цел научниците изработиле листа – прашалник. Оваа листа се состоела од прашања за психичката, емотивната, мотивирачката и когнивно менталната состојба, како и за моменталната димезија на болеста. Така да овој прашалник дава одговори на прашањето дали уморот има влијание на физикчата состојба на пациентот или има влијание на емотивната состојба во облик на душевно пореметување и во каква состојба е енергијата во организмот. При тоа ни покажува дали Фатигот има влијание на концентрацијата и меморијата на болниот и дали се работи за акутно или хронично заболување. Со сите овие податоци на докторите им е овозможено да ја дијагностцираат точно болеста и да развијат соодветни методи за лечење. Методите на лечење можат да се состојат од терапија за анемија па се до физиотерапија или подобрување на исхраната. Исто така често се вклучува и психо терапијата како метод за лечење каде што обично учествува и партнерот.

Последиците на социјалното обкружување
Фатигот не ја зафака само жената, туку и нејзиното целосно социјално обкружување. Многу жени се одалечуваат од пријателите и партнерот. Они сметаат дека нивниот константен умор представува проблем и за другите и не сакаат ни во кој случај да ја оптеретат својата околина. Тоа е голема грешка, затоа што помошта од фамилијата и пријателите е многу важен елемент во лечење на оваа болест.
Доколку партнерите и пријателите не преземаат ништо во врска со состојбата на болната, не го прават тоа со лоша намера туку како последица на нивното не знаење. Многу често на болната не може да се примети нејзината голема изнемоштеност и умор, некогаш дури ни самите жени не знаат од што патат и на тој начин ја влошуваат состојбата во која се наогаат. Затоа е многу тешко да се добие мислење од жени кои пателе или сеуште патат од Фатиг а се свесни за тоа.
Поради тоа нам ние многу важно да во Амоена ЛИФЕ зборуваме за овој проблем, да ги информираме нашите читателки и да им дадеме сила слободно и отворено да зборуваат за својата болест и за состојбата во која се наогаат.

Начини како да го победите уморот
“Најтешко ми беше додека не знаев што се случува со мене”ни пишува една оболена жена. ” Често бев многу брзо уморна и не наогав никаво објаснување за тоа, што во тоа време ме оптеретуваше многу психички ”. Само една очигледана дијагноза и помогнала да живее со Фатигот. “Од кога знам од каде доага тој огромен умор, многу ми е полесно да се носам со него.” Да се носите со уморот значи, од една страна да го обавестите својот доктор и фамилијата за својата состојба, а од друга страна да го интегрирате Фатигот во своето секојдневие. Една од можностите е жените да ги запишуваат моментите кога имаат доста енергија  во дневник и тогаш да се занимаваат со потешките работи, а во моментите кога им е потребен повеке одмор тогаш и да се одмараат. На тој начин настанува еден енергетски круг кој ке ви помогне да ги планирате деновите на начин на кој нема да се преморувате. Важно е при тоа да сте свесни дека секоја акција троши енергија, дури и наједноставните нешта како одење од точка А до точка Б, возење со автомобил или автобус, се тоа исцрпува. За да не го презаморите вашето тело, важно е критично да ги набљудувате сите активности планирани за тој ден и да проверите дали сте во можност да ги направите сите работи кои сте наумиле.
Безпотребните работи треба да ги избришете од вашиот план, а за другите да побарате помош доколку мислите дека ви е потребна. Мора да бидете свесни дека е многу важно да не се преморувате. Предизвик е да успеете да најдете совршен баланс, а кога ке успеете во тоа ке го вратите поранешниот квалитет на живот. Повторно ке ви станат блиски вообичаените работи како излегување со пријателите, одење во кино или на ручек.

Превземено од Amoena Life.

Продолжува во следниот Билтен од Medicus Help Жена Центар со интервју од
Др. Банат –  водечки доктор на универзитетската клиника Гиасен и Марбург, годишно работи со повеке од 500 пациентки заболени од Фатиг.