Woman_pool_01

Др. Банат, водечки доктор на универзитетската клиника Гиасен и Марбург, годишно работи со повеке од 500 пациентки заболени од Фатиг. Во ова интервју објаснува како таа состојба настанува, како се манифестира, кои се последиците и како се лекува

П. Др. Банат, што подразбира медицината под поимот Фатиг?

О. Под поимот Фатиг се подразбира константно чувство на истоштеност и умор. Тоа е состојба каде што и доволениот одмор и здравиот начин на живот не се доволни за да се излечи. Со тоа чувство на умор се поврзани и незаитересираноста за секојдневниот живот, пореметената концентрација и сексуалната незаинтересираност.

П. Колку жени заболени од рак на дојка, боледуваат и од Фатиг?

О. Скоро сите оболени од рак на дојка, боледуваат од Фатиг исто така.

П. Кога се појавува Фатигот?

О. Фатиг е најчесто последица од хемо и радио терапијата. Една од главните причини е слабокрвноста која може да биде предизвикана од самиот тумор и од хемо терапијата. Фатигот може да се појави и пред и после дијагнозата на туморот.

П. Кои симптоми се карактеристични за Фатиг?

О. Омалаксаност на телото, пореметување на концентрацијата, намален интерест за извршување на каков било физички напор, сон без чувство на наспаност, проблеми при извршувањето на дневните работи, емотивна иритираност. Фатигот значајно го намалува квалитетот на живот на жената.

П. Како доага до таа екстремна состојба на измореност?

О. До сега уште не е точно утврдено како настанува болеста. Мегутоа знаеме дека покрај пореметувањата на имунитетот и метаболизмот важна улога има анемијата, слабокрвноста.

П. Кои терапии се успешни?

О. Секоја терапија треба секогаш да биде индивидуална и да ги опфака сите различни аспекти на болеста. На пример, лечењето на анемијаа во повекето случаи е корисна. Мегутоа, многу се важни и психолошките аспекти како и курсеви за релаксација, спорт и помош при правење на нов план за исхрана.

 

 

 

 

 

 

П. Дали постои концепт за лечење на жените после мастектомија?

О. Доколку кај пацинетката се појави анемија предизвикана од туморот, доколку вредноста на хемоглобинот опадне под 11 грама во децилитар, а доколку се планира хемо или радио терапија, би препорачал терапија со препарати кои го потикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца. Доколку лечењето е завршено со самата операција, јас би се обидел со веке споменатите психолошки и психотерапевтски терапии.

П. Што би можеле да направат самите жени за да ја држат оваа болест под само контрола?

О. Само иницијативата помага во секој случај. На пример заболените жени би можеле преку додатна физичка активност и спорт или преку промена на начинот на исхрана активно да работат против Фатигот. Мегутоа, со тоа треба да се почне постепено и да не се преоптеретуваат на почетокот. Секако, многу е полесно кога тоа го преживувате во група. Затоа јас секогаш препорачувам дружење и консултации со други пациентки и болни кои ја надминале оваа болест.

П. Имате ли предлог за литература за жените кои би сакале да дознаат нешто повеке за оваа болест?

О. Постои една многу информативна брошура со двд на тема Фитнес и покрај Фатиг. Информации за оваа брошура можете да најдете на www.deutsche-fatigue-gesellschaft.de

Во оваа брошура ке најдете лесно разбирливи информации за причините, општата слика на болеста и начините за лечење на Фатиг кои за жал се достапни само на германски јазик.

Превземено од Amoena Life

Совети за секојдневен живот

Многу жени ја штедат енергијата со која што располагаат на работите кои што им преставуваат задоволство, а ја трошат само на секојдневните обврски. Се преморуваат со купување, готвење, чистење, на работа или со децата и немаат сила за нештата кои порано им биле составен дел од животот. Спортот и рекреацијата целосно се бришат од листата, шопингот и кафето со пријателките секогаш се одложуваат, а киното и театарот се гледаат само однадвор.

На тој начин жените си скратуваат од квалитетот на својот живот за што повекето од нив се и самите свесни. Како се излегува од тој круг? Возможно е да се промени оваа состојба со отвореност и распределување на обврските на сите членови од семејството. Жените кои страдаат од Фатиг би требало да добијат помош од страна на семејтвото и пријателите. Треба да престанат да мислат на работи како на пример, дали сопругот правилно ке ги заврши обрските и да си го посветат слободното време дами на себе. Одмор, релаксација, спорт, физичка активност и дружење со пријателките сигурно ке ви помогнат во тоа.

Што можете самите на направите

  • Отворено разговарајте за вашиот умор и истоштеност. Тоа ке ги помогне да се ослободите од стресот.
  • Погрижете се секогаш да имате доволно и редовен сон. Доколку имате проблем да заспиете обидете се со техники за релаксација и применувајте ги редовно пред спиење. На пример, напиј те се чаша млеко или чај пред спиење и слушајте пријатна музика.
  • Уживајте во тишината на природата.
  • Обидете се сами себеси да си олесните со извршувањето на секојдневните обврски, на пример оставето го пеглањето за следниот викенд.
  • Одмарајте се преку ден.
  • Бидете физички активни толку колку што можете, немојте да се преморувате.
  • Правете лесни физички активности како што се прошетките и аеробик вежбите за почетници. Водете грижа за вашата исхрана и јадете почесто, мали порции.
  • Почесто планирајте убави работи како што е излегувањето со пријателките.