На 20.12.2008 во просториите на домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“, го одржа првото Собрание. На Собранието се расправаше по следниот дневен ред:

1. Презентација и усвојување на извештај за работата на Здружението во 2008 година.
2. Презентација и усвојување на Програма за работа на Здружението за 2009 година.
3. Донесување на измени на Статутот на Здружението.
4. Разно

Присутните ги усвоија извештајот за работа за 2008 година и Програмата за работа за 2009 година. Во однос на промените на Статутот на здружението, значајно е да се спомене дека со одлука на Собранието Извршниот одбор сега брои седум членови, а за нови членови на ИО се избрани Ирена Спасовска и Македонка Шурдоска. Со одлука на Собранието мандатот на ИО како и на претседателот на здружението траат 24 месеци од денот на одржувањето на Собранието.

Во прилог ви ја доставуваме програмата за работа за 2009 година.