Хромот е есенцијален минерал кој е потребен за метаболизмот на јаглените хидрати, протеините и мастите.Неговиот биолошки активен облик е хром-пиколинатот, уникатна молекула која го комбинира хромот со пиколинска киселина (состојка која се наоѓа во мајчиното млеко) која ја забрзува синтезата на белковините и помага во апсорпцијата на другите минерали во организмот.

Хромот е присутен во различни видови храна и пијалоци како што се: житарици, печурки, органско месо, зачини (бибер), кафе, чај, вино и исто така во пивскиот квасец.

vegan_mineral_eyeshadow_purple_chrome__15646.1378228778.1280.1280

Хром го стимулира метаболизмот на шеќерите, го засилува дејството на инсулинот и ја стабилизира енергетската рамнотежа со постојано регулирање на нивото на шеќерот во крвта заради што најчесто се препорачува кај лица со хипергликемија (покачено ниво на шеќер во крвта) и дијабетес тип 2.

Хромот исто така го помага растот, делува во намалување на крвниот притисок и го помага слабеењето.

Хромот е извонредно корисен за развојот на мускулите и намалувањето на телесните масти кај спортистите, посебно кој боди билдерите поради неговото анаболичко дејство.

 

Зголемена потреба од хром имаат постарите лица, лицата кои не внесуваат доволно минерали со исхраната и користат рафинирани продукти (бел шеќер, бело брашно и рафинирана сол), бремени жени и доилки, индивидуи изложени на хроничен стрес и лица кои се на интравенозна исхрана.

 

Недостатокот на хром може да доведе до појава на дијабетес, високо ниво на холестерол и триглицериди, срцеви заболувања, а кај спортистите може да предизвика намалување на физичката сила и развојот на мускулите.