Во Европа, дури една од четирите глобални причини за смрт е ракот. Средна и источна Европа се е на врвот на црната статистика кога станува збор за смртност од рак, повисока е за 32 отсто во споредб со земјите на западна Европа.

Како да се бориме против ова ?
Ова беше главно прашање на кое едан од врвните светски стручњци за рак, професорот Марк Лавлер од Queen’s University, се обиде да одговори Media Education Event кој се оддржа на 27 октомври во Варшава -Полска во организација на фармецевскиот гигат Pfizer.

На оваа конференција , беа изнесени поразитрелни резултати за смртноста и раширеноста на ракот во Европа, но и за жал дека Македонија е на врвот по смртност и заболени од рак.

Зачестеноста на појава на рак во Источна Европа е над просектот. Причините се бројни, од недостиг на рана дијагностика, органичување и пристап на терапија до недостиг на опрема , иновативни лекови, но и најважниот сегмент а тоа се недостог на стучен кадар но и финанскиско-организациски препреки кои секоја држава треба сама да ги совлада.

Професорот Мар Лавлер, за БОРКА изјави клучот за надминување овој проблем е во рацете на политичарите, нагласувајќи дека тие се избрани од народот и дека и покрај тоа што треба да носат други тешки одлуки, тие треба да прават многу или се за доброто на заедницата.

– Ако ништо не промениме, ракот наскоро ќе биде светска епидемија.
– Покрај гореспоменатите клучни работи за намалување на смртноста, прво, според мене, Македонија мора да донесе Национална стратегија за борба против ракот. Без неа е исто како да сте изгубени на пат кој води некаде, но можеби и не кон вашата цел.

Мора да обрне повеќе внимание и на истражувањата. Но и тука има проблем. Истражувањата се долготрајни , а политичарите гледаат краткорочно. Истражувањето е придвижувач на иновациите и на новите терапии и не е важно колку пари се вложува во истражувањето , туку начинот на кој се троши. Мора да се знае дека и малите земји, можат да направат големи работи, изјави професорот Лавлер.

Тој додава дека гласот на пациентите кои го побелите ракот мора да се слуша, оти важен дел од решенијата за оваа болест.
– Кога пациентите се чувствуваат неважни , тешко се борат со ракот, додава тој.

-Пациентите можат да пренесат суштински информации и важно е да се вклучат во истражувањата од самиот почеток. Двонасочната комуникација меѓу пациентите и лекарите преку размена на искуствата и подобрување на квалитетот на животот на пациентите,изјави за БОРКА професорот Лавлер.

Според светски познатиот специјалист за рак, професорот Марк Лавлер , постојат четириклучни причини за црната листа на податоци за ракот :

1. За висока стапка на морталитет – причините за тоа се лошите прогнози, недостатокот на примарна и секундарна превенција на ракот, недостаток на рана дијагноза и ограничен пристап до терапија.
2. Финансиски бариери – недостаток на финансиски средства, неоптимални трошоци за ограничени ресурси
3. Оптимални опции за третман – недостаток на опрема за радиотерапија, недостаток на соодветна хирургија, недостаток на иновативни лекови и недостаток на работна сила
4. Организациски бариери – недостаток на регистар на лица заболени од рак, недостаток на Национален план за борба против ракот и несоодветна патологија

“Само преку соодветно планирање можеме успешно да се бориме против ракот”
Кога го прашавме професорот Марк Лавлер каква порака тој би сакал да и пренесе на јавноста рече : “Истражувањето спасува животи